Зошто беше откажана борбата меѓу „најстрашниот“ човек на светот и иранскиот Хулк?

Британскиот бодибилдер Мартин Форд конечно ја објасни причината за откажувањето на неговата долгонајавувана борба против иранскиот кревач на тегови Сајад Гариби, која требаше да се одржи на 30 април во лондонската О2 Арена.

Таканаречениот „најстрашен“ човек на светот изјави дека боксерскиот меч во Лондон не се одржал бидејќи се плашел дека иранскиот Хулк може да се самоубие и дека лично ја откажал борбата поради тоа.

„Откако имавме соочување во Дубаи, јас бев искрено загрижен за неговото ментално здравје и за тоа како се чувствува. Таков сум. Не можам да се борам со некој за кој искрено верувам дека може да си го одземе животот по борбата“, изјави Форд за Mirror.

Да потсетиме, иранскиот Хулк откри дека неговите родители се откажале од него откако тој заврши на подот во соочувањето со Форд. Британецот тогаш силно го удри во градите и тој заврши на подот, а во телевизиско интервју во живо, 30-годишниот ирански бодибилдер рече дека неговите родители одбиваат да разговараат со него откако тој ги „засрамил“.

Гариби признал и дека поради стрес почнал да пие апчиња за спиење, а потоа на Instagram рече дека ги мрази Иранците и сака да стави крај на својот живот.

Висок два метри и тежок 150 килограми, Форд е популарен британски актер, бодибилдер и личен тренер кој има повеќе од три милиони следбеници на Instagram, а го носи прекарот „најстрашниот човек на светот“.

Гариби, пак, е кревач на тегови од 180 килограми, а исто како и Форд, има армија обожаватели на социјалните мрежи и го носи прекарот Иранскиот Хулк.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе