Зошто брзо ви се празни батеријата на телефонот?

Празна батерија, во ситуација кога сме надвор или кога навистина ни е потребен телефонот, може да биде прилично фрустрирачка ситуација.

Дали понекогаш се чувствувате како батеријата да ви се троши премногу брзо?

Поранешен вработен во Facebook неодамна откри дека Facebook и Messenger имаат можност намерно побрзо да ги трошат батериите на паметните телефони на корисниците. Овој процес, наречен „Негативно тестирање“, им овозможува на технолошките компании тајно да ја трошат батеријата на телефонот на корисникот за да тестираат различни функции во апликацијата.

Додека се чека разврска на овој скандал, прочитајте кои се најчестиите причини зошто батеријата на вашиот телефон се испразни премногу брзо.

Прејако осветлување на екранот

Јакото осветлување на екранот е една од најочигледните причини за брзо празнење на батеријата. Значи, за да ви трае батеријата подолго, треба да ја намалите осветленоста на екранот, а ќе ви помогне и ако изберете темен (економичен) режим.

Можете исто така да ја прилагодите осветленоста на телефонот за да се прилагоди на надворешното светло. Ова ќе му овозможи да се затемни во средини со слаба осветленост и да осветли во светли средини.

2. Апликации во заднина

Апликациите во заднина во суштина работат дури и кога не ги користите активно. Некои од нив се VPN, антивирусни апликации, здравствени и календарски апликации. Тие апликации надгледуваат или контролираат одредени аспекти на вашиот телефон без ваша интервенција, што иако е погодно, значително ја троши вашата батерија.

Исто така, веројатно не ви требаат многу од овие апликации кои работат постојано во позадина. Во поставките на вашиот уред, можете да најдете опција за оптимизација на батеријата која, доколку се активира, ќе ги затвори сите непотребни апликации во заднина. Благодарение на таа опција, вашата батерија може да трае значително подолго.

3. Секогаш сте онлајн

Ако постојано имате вклучени мобилни податоци или Wi-Fi, тоа сигурно ќе влијае и на траењето на батеријата бидејќи постојано ќе добивате известувања, ажурирања во заднина и многу повеќе кога нема да ви требаат.

Кога одите на спиење, препорачливо е да ги исклучите WiFi и мобилните податоци, а можете да изберете и Airplane Mode.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Мобилни

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Read more

Колку би можело да чини iPhone 15?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Apple подготвува промена за iPhone 15 Pro од која многумина стравуваат

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе