Зошто дербито Реал - Барса се вика Ел Класико?

Нема кој не знае за популарното Ел Класико, но дали некогаш сте се запрашале зошто токму со тоа име се именува најголемото шпанско дерби?

Ел Класико, или изворно El Clásico, е име со кое се означува било кој натпревар на кој спротивставени страни се лутите ривали Реал Мадрид и Барселона. Преводот од шпански значи 'Класика', на англиски 'The Classic', а на каталонски 'El Clàssic'.

Овие два тима се најтрофејните во Шпанија, па оттаму и асоцијацијата дека нивната пресметка е фудбалска класика. Но, не е сѐ така едноставно.

Ел Класико во поапстрактна смисла означува и многу повеќе отколку фудбалско ривалство помеѓу Шпанци и Каталонци, туку и различна идеологија, а потекнува од Граѓанската војна во Шпанија. Тогаш, Шпанците биле претежно на страната на фашистичкиот диктатор Франко, националистите, мохархистите и конзервативците, додека Каталонците од страната на анархистите, социјалистите и комунистите.

Но, самиот термин не е од војната. Не е познато како точно почнала употребата на терминот Ел Класико, но многумина веруваат дека Шпанците инспирацијата ја добиле од Јужна и Централна Америка каде народите први почнале со Класико да ги означуваат големите дербија.

Интересно, но терминот Ел Класико во шпанскиот лексикон влезе дури во првите години од новиов милениум. Претходно, дуелите Реал - Барса се именуваа едноставно како Ел Дерби (El Derbi), или Мадрид-Барса или Барса-Мадрид во зависност од тоа кој е домаќин. Прв пат неофицијално е употребен во 2000 година.

Во Шпанија има и уште едно слично именувано дерби, односно Другото Класико или El Otro Clásico, начерено уште и El Viejo Clásico - Старото Класико. Тоа е повторно етнички поделена пресметка, односно помеѓу шпански Реал и баскиски Атлетик.

Нормално, најпознатото Класико на светот сепак е она аргентинското помеѓу Ривер Плејт и Бока Жуниорс, наречено Суперкласико.

Тагови
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе