УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Зошто Германија не доби пенал кога Кукуреља со рака го запре ударот на Мусиала?

Вчера Шпанија со победата по продолженија од 2:1 над Германија се пласираше во полуфиналето на ЕУРО, а еден спорен детаљ од 106. минута крена голема прашина во германските медиуми.

На самиот почеток од второто продолжение, при резултат 1:1, шутираше Џамал ​​Мусиала, по што топката го погоди в рака Марк Кукуреља.

Главниот судија на натпреварот, Англичанецот Ентони Тејлор, не покажа на белата точка, но не доби повик од ВАР просторијата повторно да ја погледне ситуацијата.

Германците се револтирани бидејќи сметаат дека се оштетени за чист пенал, а целата ситуација ја разјасни новинарот на ESPN, Дејл Џонсон, експерт за ВАР судење.

Тој појасни дека судијата Тејлор постапил според правилата на фудбалската игра, бидејќи во таква ситуација не треба да се свири пенал.

Како што објасни Џонсон, УЕФА им дала јасни инструкции на судиите пред Европското првенство дека не се доделуваат пенали доколку топката удри во рака на играч, а таа е испружена надолу и зад телото на играчот.

Бидејќи беше токму таков случај, не реагираа ниту судијата Тејлор, ниту ВАР судијата Стјуарт Атвел.

Резултатот во тој момент остана 1:1, а потоа Микел Мерино постигна гол во 119. минута за да ја однесе Шпанија во полуфиналето.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Read more

Пет предупредувачки знаци дека јадете премногу јаглехидрати

Read more

Фудбал

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Барди раскина со Трабзонспор, се враќа во Шпанија?

Read more

Одбрана на сезоната го лиши Јувентус од победа во Бергамо

Read more

Силекс имал химна! Сте ја слушнале?

Read more
 

Спорт

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Читај повеќе

Пролет: Името на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб

Читај повеќе

Барди раскина со Трабзонспор, се враќа во Шпанија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Одбрана на сезоната го лиши Јувентус од победа во Бергамо

Читај повеќе

Почина Александар Јовиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ го сруши рекордот на Лери Брд

Читај повеќе
  • play_arrow

Историски ден за Ѓоковиќ: Го сруши големиот рекорд на Федерер

Читај повеќе
  • play_arrow

Силекс имал химна! Сте ја слушнале?

Читај повеќе

Почнува ракометното Светско: Данците се фаворити за одбрана на титулата

Читај повеќе