Додека светот се соочува со голема криза предизвикана поради пандемијата со COVID-19, најбогатиот човек во светот се прошета до вселената.
Илјадници луѓе потпишаа петиција Џеф Безос да не се враќа на Земјата, а сега на социјалните мрежи го тролаат поради изгледот на неговата ракета.
„Дали само на мене ракетата на Безос ми наликува на огромно дилдо?“, напиша еден корисник на Twitter на кој му се приклучија голем број други луѓе кои се шегуваа на негова сметка.