Зошто годинава симптомите на алергија се полоши од вообичаено?

Дали ви се чини дека оваа пролет кивате и шмркате повеќе од вообичаено? Не сте сами.

Според американскиот Центар за контрола на болести (CDC), 30 отсто од светската популација страда од алергии на полен, кои предизвикуваат симптоми на поленска треска или алергиски ринитис. Ако чувствувате дека симптомите на алергијата ви се влошиле во последно време, не фантазирате: од 1990 година, истражувачите забележале зголемување на количината на полен во воздухот за 21 процент.

Best Life контактираше со д-р Шјам Џоши, шеф на Одделот за алергија и имунологија и медицински директор на Клиниката за алергија и имунологија на Универзитетот за здравје и наука во Орегон, за да открие што се крие зад промената. Тој вели дека неколку клучни фактори предизвикуваат пораст на алергиите и забележува дека постојат начини за борба против симптомите.

Џоши вели дека главната причина за честите алергии се климатските промени.

„Во текот на изминатите неколку децении, климатските промени доведоа до подолги сезони на опрашување и поголем волумен на полен. Ова главно се должи на намалениот број на денови со мраз секоја зима и зголемувањето на CO2 во воздухот, што доведува до посилен циклус на опрашување за растенијата“, вели тој за Best Life. Најголем пораст на полен е забележан во Тексас и во средниот запад на САД, додава Џенифер Буржоа, фармацевтски и медицински специјалист во SingleCare.

Всушност, студија од 2022 година објавена во списанието Nature Communications покажа дека покрај промените предизвикани од емисиите на CO2, промените во температурата и врнежите можат да ги зголемат годишните емисии на полен за 16 до 40 проценти. Дополнително, промената на земјината покривка – што значи трансформација на природните живеалишта во урбани средини – ја менува и дистрибуцијата на емитери на полен, велат истражувачите.

Џоши додава дека покрај промените во околината кои ги зголемуваат шансите за алергии, вашето тело може да стане и поподложно на алергии.

„Иако основната причина не е целосно разбрана, се смета дека промените во исхраната и микробиомот може да придонесат“, вели тој. „Сето ова заедно веројатно објаснува зошто многу луѓе од година во година имаат потешки симптоми на алергија.“

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе