Зошто камен-темелникот на Карловиот мост бил поставен во 5 часот и 31 минута?

Карловиот мост во Прага е еден од највпечатливите примери на висока готика прикажан во архитектонското дело на Карло IV. Ова ремек дело не само што е убаво, туку во себе крие куп интересни приказни.

Најстариот мост во Прага е една од најпосетуваните, но и најважните атракции на чешката престолнина, со кој градот е исклучително горд.

Овој спектакуларен мост ја преминува реката Влтава и ги поврзува Долниот град (Malá Strana - Мала Страна) и Стариот град (Staré Město - Старе Мјесто). Покрај тоа, мостот е една од најпознатите градби изградени за време на владеењето на Карло IV (на чешки Karel IV).

Мост претходник

Во античко време, луѓето буквално морале да ја газат реката кога сакале да преминат на другата страна. Првиот дрвен мост, кој се смета за претходник на денешниот Карлов мост, бил изграден во 10 век. Потоа, помеѓу 1158 и 1172 година бил изграден познатиот камен мост кој го добил името Јудитин мост. Името го добил по кралицата Јудита Тирингиска, сопругата на Вратислав II, која ја наредил изградбата.

Изработен од песочник, мостот бил долг 500 метри и широк 7 метри. Тој мост бил уништен во 1342 година при голема поплава. Доколку сакате да видите што останало од Јудитиниот мост денес, треба да почекате да се спушти нивото на реката.

Мистериозни почетоци на изградба на нов мост

Кралот Карло IV ги поканил најеминентните астролози да го одредат најдоброто време да се започне со изградба на мост на местото на стариот. Самиот Карло IV го поставил камен-темелникот на мостот именуван по него на 9 јули 1357 година точно во 5 часот и 31 минута.

Овој број е избран со причина - кога ќе ги подредите сите цифри добивате симетрична серија од непарни броеви - 1 3 5 7 9 7 5 3 1. Архитектот Петар Парлер, кој е познат по дизајнирањето на катедралата Св. Вида во Прашкиот замок, бил одговорен за надгледување на изградбата на мостот.

Карло IV

Самиот мост бил завршен по смртта на архитектот на почетокот на 15 век, кога кралот Вацлав IV го презел тронот.

До 1870 година мостот бил познат како Прашки мост (Pražský most - Пражскиј мост) или Камен мост (Kamenný most - Камениј мост), а од таа година добил ново име - Карлов мост, или на чешки Karlův most (Карлув мост).

Денес Карловиот мост е долг 515,8 метри, широк 9,5 метри и е поддржан од вкупно 16 столбови. Мостот е чуван од три моќни кули - Староградската кула и Долноградската кула - од двете страни, изградени во фантастичен готски стил.

На мостот има и 30 статуи со религиозна тематика - нивното поставување покрај оградата на мостот започнало во 1657 година. Скулптурите се направени од најголемите скулптори од тоа време: Матиас Браун, Јан Брокоф и неговиот син Махаел Јосеф, како и Фердинанд Максимилиан.

Денес, повеќето од скулптурите се заменети со реплики, бидејќи оригиналните биле направени од песочник, подложен на оштетување. Сите оригинали се чуваат во Народниот музеј. Поради втората разорна поплава што ја погодила Прага во 1890 година, сводовите исто така морале да се обноват.

Легенди поврзани со Карловиот мост

Најпознатата легенда поврзана со Карловиот мост е онаа за употребата на јајца и млеко при неговата изградба, со цел мостот да биде што поцврст.

Научниците од еден од прашките универзитетите направиле неколку истражувања кои потврдиле дека млеко и вино биле ставани во гипсот при изградбата, но никаде не нашле траги од јајца.

Друга легенда е за свештеникот Јан Непомук. Се вели дека кралицата, сопругата на кралот Вацлав IV, му се исповедала на свештеникот Иван. Кралот имал одредени сомневања дека неговата сопруга е неверна, па сакал да дознае што му признала на свештеникот. Во согласност со својата должност, свештеникот одбил да му каже. Кралот тогаш наредил свештеникот да биде мачен и фрлен во реката од Карловиот мост. На местото каде што се удавил свештеникот се појавиле пет златни ѕвезди.

Откако неговото тело било екхумирано, бил пронајден неговиот јазик целосно розов и свеж, па потоа станал свет атрибут. Во 1729 година бил прогласен за светец.

Туристите кои шетаат преку мостот речиси секогаш одат да ја допрат неговата позлатена статуа и да посакаат желба.

На друга страна од споменикот, на местото од каде што бил фрлен свештеникот, се наоѓа малата позлатена статуа која е мамка за туристите:

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Вести

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе