Зошто Хабиб e спортска ѕвезда на годината според BBC?

Рускиот MMA шампион Хабиб Нурмагомедов е прогласен за  Светска спортска ѕвезда на годината во изборот Sports Personality на BBC.

URL

Хабиб е избран врз основа на една борба годинава, во која тој ја одбрани титулата во УФЦ со победа против Џастин Гејџи, го подобри професионалниот скор на 29:0 и веднаш потоа соопшти дека става крај на кариерата. Таткото и менаџер на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, почина непосредно пред последниот меч, како последица од коронавирусот и тоа многу го погоди непобедливиот Дагестанец.

BBC меѓу другите достигнувања на Хабиб го наведе и фактот дека со 26,3 милиони следбеници на Instagram, тој е „најпопуларен Русин“ на оваа социјална мрежа.

Покрај победата и пензионирањето, Хабиб се истакна оваа година со објавите на социјалните мрежи упатени кон францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно ги критикуваше исламистите за обезглавувањето на професор од Ница.

„Семоќниот нека ти го изобличи лицето, тебе и на сите оние во име на слободата на говорот ги навредуваат чувствата на повеќе од една и пол милијарда муслимански верници“, напиша меѓу другото Нурмагомедов.

Иако Хабиб е неоспорен ММА борач и голем спортист, сепак е чудно што тој ја понесе наградата годинава со само една борба зад себе, кога во конкуренција ги имаше шведскиот скокач со стап Арманд Дуплантис, легендата на американската кошарка Леброн Џејмс, американскиот голфер Дастин Џонсон, францускиот фудбалер Венди Ренард и ирската боксерка Кети Тејлор.

Можеби неговите политички ставови му додадоа поени на контото.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе