Како куќите на грчките острови ја добиле карактеристичната сино-бела боја?

Светски познатите дестинации, како грчките острови Миконос и Санторини, се лесно препознатливи на фотографиите пред сè поради нивната специфична и уникатна архитектура.

Речиси и да нема туристи кои не сакаат да се фотографираат во близина на светлобелите куќи, со врати и прозорци во сина боја. Но, зошто куќите на грчките острови се сино-бели?

Повеќето луѓе ги поврзуваат белата и сината боја со Грција - ова се боите на нивното знаме. Но, не само тоа, тие ги симболизираат и светлото, сино море и небо, како синоним за Медитеранот.

Сепак, Кикладите се карактеризираат со сино-белите куќи, кои се засноваат на некоја друга симболика. Всушност, има неколку причини зошто куќите на грчките острови се обоени во бело, додека прозорците и вратите се карактеристично сини. А сите причини се од практична природа, пишува Greekreporter.

Ладење во текот на летото

На островите како Миконос, Парос и Наксос, многу куќи првично биле изградени од камен. Тоа било исклучително практична одлука, бидејќи има малку дрвја на карпестите острови во Егејското Море.

Сепак, камењата што се користеле во тоа време биле претежно со потемна боја, што ја направи внатрешноста неподносливо топла.

Така, жителите едноставно дошле до идеја да ги обојат куќите и другите градби во бело, обидувајќи се да ја изладат внатрешноста. Процесот успеа, што резултираше со поладни и поудобни домови на островите.

Како колерата влијаела на островската архитектура?

Во раните 80-ти (поточно во 1983 година), националниот поредок го забрза ширењето на новата дизајнерска естетика. Во тоа време, за време на диктатурата на Јоанис Метаксас, во Грција избувна епидемија на колера.

Обидувајќи се да ја сузбие болеста, им наредил на граѓаните редовно да ги варосуваат домовите. Тоа денес можеби звучи чудно, но повторно е практична причина. Во варот што ги покривал куќите во тоа време имало и варовник кој се сметал за добро средство за дезинфекција. Но, немале многу такви средства на располагање, па го искористиле тоа што им било на располагање.

Така, сите грчки граѓани беа обврзани редовно да ги варосуваат своите домови, за да се намали ширењето на заразата.

Што е со сината боја на грчките куќи?

Иако сината боја е највпечатлива на вратите и прозорците на Кикладите, таа не е единствената застапена во архитектурата. На градбите се појавуваат и детали во црвена, зелена и кафена боја. Сепак, сепак доминира карактеристичната нијанса на сина боја. Зошто?

Се работи за штедливост. Имено, рибарите и другите кои се занимавале со работа во пристаништата на островот ги бојадисувале прозорците и вратите на своите куќи со која било боја што ќе остане по бојадисувањето на чамците.

Со оглед на тоа што сината боја во тоа време била најевтина, таа и најчесто ја користеле.

Сината боја што се користи во куќите на грчките острови е направена од мешавина на варовник и средство за чистење наречено „лулаки“. Лулаки бил еден вид син талк што повеќето жители на островот го имале на располагање дома и го користеле за дезинфекција. Затоа сината боја им била лесно достапна.

Воената диктатура, сепак, го дава последниот збор

Убавите и пријатни бои на градбите на грчките острови, стануваат задолжителни во периодот на воената диктатура, која во Грција е на сила од 1967 година.

Тогашниот режим верувал дека оваа комбинација на бои ќе ги зајакне патриотските чувства и ќе им овозможи на островјаните да го задржат грчкиот национален дух.

На крајот на 1974 година беше донесен закон, кој предвидува домовите на островите да бидат во сино-бела комбинација.

Иако денес овие прописи се порелаксирани, сината и белата боја со текот на времето станаа синоним за грчките острови и многу привлечни за туристите. Затоа многу жители на островот одлучуваат да не се откажат од таа комбинација на бои.

Шетајќи низ Кикладите денес, посетителите можат лесно да најдат куќи со оригинални камења во земјени или малку поинакви бои. Сепак, сината и белата боја сè уште доминираат на грчките острови, како и сликата што луѓето ширум светот ја имаат за нив.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе