Зошто мора да потфрламе во наједноставните работи?

За најголемото македонско фудбалско дерби две недели се пуштаа апели за што повеќе публика, и на крај публиката доби еден влез на кој организаторот ѝ отвори само една врата, а другите две останаа затворени за публиката да се бутка и гужва дур влезе.

Доаѓаш на стадион, има половина час до почетокот и возбудено гледаш како река народ е на скалите. Си помислуваш дека конечно ќе бидеш сведок на натпревар од домашниот фудбал каде што ќе има добра бројка на трибините. Така делува. Однапред најавено е дека за обичната публика ќе биде обезбеден источниот влез на Јужната трибина. Западниот ќе биде за навивачката група Комити, собрани во одлична бројка.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Си велиш: „Добро е, има три врати, брзо ќе оди“. Арно ама, на организаторот не му текнало да ги отвори трите врати на железната ограда на источниот влез. Ја отворил само средната. И, така, еден по еден влегуваат стотици. А, треба претрес, да не случајно некој јак атлет во публика успее да фрли денар на терен, да добаци преку атлетска. Камо среќа таков да се најде, да го пратиме на наредна Олимпијада да фрла кладиво.

Некој дофрли: „Подобро на Работнички да одиме, ист стадион, публика многу малку, ама нема вакво изживување“.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Не иде работата, многу бавно влегува публиката. Па ајде тогаш батали претресување. Гледај само да имаат карта и пуштај ги. Некој им нареди на вратарите, или можеби сами така одлучија. Така излезе на крај. Се забрза влегувањето, ама другите врати не ги отворија. Можеби немаа клучеви?

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

На стадионот имаше солидна бројка за македонски фудбалски услови. Ноќниот термин и разладувањето на времето, во комбинација со вечните ривали Вардар и Пелистер ја привлекоа публиката. Убеден сум дека ќе имаше и повеќе да не беше август и одмори.

Комити беа одлични. Навивање и пиротехничко шоу. Чкембари го збогатија амбиентот, но се појавија во 40-та минута. Не сфаќам што е финтава со навивачките групи да доаѓаат на половина натпревар? И Лозари на Куп финалето иста приказна, влегоа во 35-та. Тепаш пат од друг град за да гледаш едно полувреме. Навиваа и Чкембари, запалија по некоја бакља, добри беа и тие.

А, за фудбалот, што да се каже. Се мачат двата тима со топката. Повеќе вреди дерби атмосферата отколку играта. Ама тоа е и очекувано. На крајот гол во 82. минута за Вардар и победа над битолчани од 1:0.

Меѓутоа, цела среќа што не се наполни Јужна, иначе ќе беше како на Копа Америка финалето Аргентина - Колумбија кога Колумбијците мораа да ја скршат оградата за да влезат. Зошто мора да потфрламе во наједноставните работи? Три врати една до друга, а отвораат само една. Што ако имаше уште повеќе публика? Играш дерби со Пелистер, не играш со Воска или Гостивар па да нема интерес.

И после не одела публиката на стадион...

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Британија се враќа во Европа: Пу, пу, не важи Брегзит

Read more

Теми и коментари

Божиќ или Божик?

Read more

Бугарските служби работат: Страници што треба да ги отследите

Read more

Зошто мора да потфрламе во наједноставните работи?

Read more

За турскиот „пиштолџија“, големите машки победи и бришењето на жените од историјата

Read more
 

Ново

Зеленски: Размислуваме за средба на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Глупави фејлови што го срушија интернетот

Читај повеќе

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Читај повеќе

Џесика Бил не им дозволува на синовите да ги гледаат нејзините филмови: Не им треба тоа, премлади се

Читај повеќе

Руски медиуми: Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот

Читај повеќе

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Читај повеќе

Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Читај повеќе

Родителски навики што можат да ја нарушат самодовербата кај децата

Читај повеќе

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе