Зошто не треба да го полните телефонот на јавни места?

Кога е празна батеријата на мобилниот телефон сакаме само да го оживееме уредот и обично не размислуваме какви опасности демнат кога го полниме телефонот на јавно место.

Полначите поставени на јавни места, како аеродроми, библиотеки, кафулиња, ресторани и станици се таму со најдобра намера, но со себе носат ризици.

Хакерите имаат развиено софтвери кои инсталираат вируси преку USB портовите за полнење што потоа може да ви украдат податоци од уредот, па дури и пари. Методот се нарекува Juice hacking.

Хакерите се имаат „закачено“ на јавните портови за полнење и само чекаат „жртва“ – некој кој само сака да престане да светка сигналот за празна батерија на неговиот смартфон. Откако ќе се приклучите, хакерите добиваат пристап до сите податоци достапни на вашиот смартфон.

Вирусот се инсталира преку полначот, па и откако ќе се исклучите од портот или кабелот за полнење, тој и натаму може да се инфилтира во системот на вашиот телефон.

Сите ваши податоци се под голем ризик, од контакти, белешки, фотографии, документи, музички датотеки и секако, лозинки.

Како да се заштитите од ваков сајбер напад?

Наједноставниот начин е да се поштедите од потребата да го полните телефонот каде било, односно да набавите надворешна/преносна батерија (power bank)  што ќе ви го даде потребното напојување во итен случај. Исто така, оставете еден полнач на работа и ако возите автомобил, набавете USB приклучок за вакво полнење.

Ако веќе сте во ситуација да немате друг избор, има неколку начини како да се заштитите.

Исклучете го уредот. Кога вашиот смартфон е исклучен не може да пренесува податоци на компјутерски системи поврзани на јавните станици за полнење.

Користете кабел кој е само за полнење. На пазарот се достапни два вида на USB кабли, едни се само за полнење, а други се комбинирани и за пренос на податоци. Користете ги овие првите, за да спречите хакирање на вашиот уред.

Продолжете да читате: Како да го полните телефонот за да ви трае подолго батеријата?

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе