Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Бананата е популарно тропско овошје, богато со витамини и минерали. Поради високата содржина на калиум, особено се препорачува за луѓе кои страдаат од замор, недостаток на енергија и висок крвен притисок. Затоа, често е прв избор за појадок, што нутриционистите не го препорачуваат.

Зрелите банани се главно составени од јаглени хидрати, од кои половина се шеќери, што ги прави едно од овошјата со најголема содржина на шеќер. Поради високата содржина на калиум, бананите се корисни за спречување на висок крвен притисок и кардиоваскуларни болести, како и за здравјето на бубрезите.

Овошјето содржи многу малку протеини и незначителна количина на масти. Бананите се исто така одличен извор на витамин Б6 и калиум, а исто така се богати со витамин Ц, манган, магнезиум и некои други витамини од Б-комплексот. Сепак, и покрај сите позитивни ефекти и хранлива вредност на бананите, тие не се препорачан избор за појадок.

Високата содржина на шеќер има значително влијание врз нашата благосостојба во текот на денот. Кога јадеме банана, шеќерот во крвта и нивото на енергија значително се зголемуваат, но во исто време драстично опаѓаат, објаснува нутриционистот д-р Дарли Џофре.

Ова потоа доведува до зголемено чувство на глад, па луѓето кои го започнуваат денот со банана, на крајот конзумираат повеќе калории во текот на денот отколку инаку. Исто така, според него, бананите не се баш идеален избор за добро варење. Кога се консумира шеќер, се јавува процес на ферментација, во кој шеќерот се претвора во киселина, а со тоа го блокира варењето.

Многу подобар избор за појадок се житариците и снегулките, како и здрав сендвич, додека бананите се подобар избор за ужина.

реклама

Живот

Како да ги заштите растенијата на балкон или двор од зимскиот студ?

Read more

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Read more

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Read more

Пет знаци дека вашето дете е анксиозно, но тоа добро го крие

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како да ги заштите растенијата на балкон или двор од зимскиот студ?

Читај повеќе

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Читај повеќе
  • play_arrow

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Читај повеќе

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Читај повеќе

Кардиолозите советуваат што да почнат да прават жените над 50 години секое утро

Читај повеќе

Пет знаци дека вашето дете е анксиозно, но тоа добро го крие

Читај повеќе

Како правилно и брзо да одмрзнете пилешко?

Читај повеќе

Кинески хороскоп: Како 2026 - Годината на Коњот - ќе ви го промени животот?

Читај повеќе