Зошто одеднаш Израел почна да си подава рака со арапските земји?
Историското примирје на Израел со Обединетите Арапски Емирати одекна како земјотрес во мислиманскиот свет, а набрзо потоа следуваше и примирје со Бахреин.
Во двете примирја посредуваше САД, односно Доналд Трамп. Какво е тоа примирје кога нема војна? Какво е тоа примирје со кое не се решава палестинскиот проблем поради кој и дојде до караницата на Израел со муслиманскиот свет?
Едноставно, интересот е исклучиво на САД, односно да ги обедини сите непријатели на Иран, заколнатиот непријател на САД. Иран го мрази Израел, но истовремено е непријател и со земјите од Арапскиот полуостров.
Оттаму логиката: непријателот на мојот непријател станува мој пријател. Победник - САД.