Зошто Роналдо е главниот виновник за враќањето на Бонучи во Јувентус?

Актуелниот клупски и репрезентативен европски шампион Кристијано Роналдо летово го замени дресот на Реал Мадрид со оној на Јувентус и тргна во поход на освојување на Италија. Раководството на Јувентус во овие моменти го финализира враќањето на Леонардо Бонучи во Торино, уште еден од чекорите кои водат до освојување на фудбалска Европа. Но како е тоа поврзано со Роналдо?

Со новото раководство на Милан нивниот ривал на теренот Јувентус доби сојузник за остварување на европскиот сон, но тој не доаѓа по евтина цена.

Во моментот кога Милан доби нов сопственик веднаш беа почнати преговори за враќање на Леонардо на позицијата на спортски директор а само неколку дена подоцна тој и официјално ја презема функцијата. Неговата амбициозност отсекогаш го правела еден од најдобрите луѓе за оваа работа, па затоа тој најде начин за комуникација со раководството на Јувентус и реши да им го понуди Бонучи, стоперот кој разочара минатата сезона во Милано, и за возврат да го добие помладиот италијански стопер Калдара, како и голгетерот Гонзало Игуаин, за кого Милан ќе плати далеку помала цена од онаа на која е проценет.

Како што изгледа, раководството на Јувентус е решено да атакува со сите сили на европската круна во наредната сезона, па затоа тимот ќе го гради околу играчот кој покажа дека го знае патот до успехот во Лигата на шампионите - Кристијано Роналдо. Поради тоа, Јувентус до крајот на летниот преоден рок треба да го опколи Португалецот со играчи кои се подготвени да победуваат веднаш, наместо млади играчи кои клубот ќе чека да се развијат. Во склоп на таа намера Јувентус го враќа Леонардо Бонучи, 31-годишниот дефанзивец кој имаше една лоша сезона во Милан но сака да ја врати кариерата на победничкиот колосек што побрзо. Со тоа во Торино повторно се создава компетитивно дефанзивно трио составено од Кјелини, Бонучи и Бенатија. Покрај тоа, Бонучи е играч од типот на еден од омилените соиграчи на Роналдо - Серхио Рамос. Тој сака да ја контролира топката, многу е моќен во воздушните дуели и често постигнува голови, три составни делови од сите силни офанзивни тимови во кои играше Роналдо.

Во обратната насока одат Гонзало Игуаин и Матија Калдара, двајца играчи кои во нормални услови би биле составен дел од скоро секој тим, но доаѓањето на Кристијано Роналдо направи нормалните услови да бидат нарушени и клубот да работи во согласност со кариерниот пат на Португалецот.

Игуаин е докажан голгетер, некој кој во една сезона гарантира повеќе од 20 голови и досега во секој клуб се докажа како напаѓач на кој може да му се верува дека ќе остане здрав во текот на целата сезона и постојано ќе се наоѓа во шанси за постигнување голови. Но, неговата возраст од 30 години, формата во паѓање и тактичката несоодветност го направија потрошен материјал во Јувентус. Наместо тој, оваа сезона партнер во нападот на Роналдо ќе му биде Марио Манџукиќ, играч кој постојано докажува дека е заинтересиран само за победата и ништо друго. Скромниот Манџукиќ е подготвен на работи кои Игуаин не би ни помислил да ги направи на фудбалскиот терен – за Хрватот не е проблем да одглуми, да удри некој од противничките играчи или пак да го испровоцира целиот противнички тим. Баш поради тоа боречкиот менталитет, Манџукиќ го помина тестот на раководството на Јувентус и неговата следна задача е да биде корисен во наредните две-три сезони во трката за европскиот трон заедно со Кристијано Роналдо.

Од друга страна, тука е 24-годишниот Матија Калдара кој минатата сезона ја помина во Аталанта, пред летово да се пресели во редовите на Јувентус. За него италијанските медиуми го кажуваат само најдоброто – дека тој е една од големите надежи на Италија, дека е премногу зрел за неговата возраст и бескомпромисен во дуелите со противниците. Токму затоа Милан го бараше него и само него во оваа размена за Бонучи, иако Јувентус предлагаше размени за Марко Пјаца, Мојс Кин и Стефано Стураро.

На крајот од денот, Кристијано Роналдо веќе е член на Јувентус и затоа италијанскиот клуб прави потези на трансфер пазарот кои одговараат со формулата за успех на Португалецот. Тој досега во кариерата беше опколен со соиграчи од врвен квалитет, па затоа Јувентус не сака да ризикува да го направи Роналдо несреќен, посебно не во моменти кога имаат реална шанса за освојување на Лигата на шампионите.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more
 

Спорт

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе