Зошто се намалува мразот во Северен Леден Океан?

МИА/КАЈГАНА
/ 22.09.2020 / 08:58

Површината на мраз во Северниот Леден Океан по втор пат падна под 4 милиони квадратни километри.

Површината на т.н. арктичкиот морски мраз падна под четири милиони квадратни километри по втор пат откако почна сателитското снимање во 1979 година, соопшти американскиот Национален центар за податоци за снег и мраз (НСИДЦ).

Најтоплото лето досега на Северната хемисфера имаше силно влијание врз намалувањето на површината на мразот во Северниот Леден Океан.

URL

Мразот на 15 септември ја достигна својата годишна минимална површина од 3,74 милиони квадратни километри и сега се очекува да почне повторно да се шири бидејќи температурите почнуваат да паѓаат и сонцето заоѓа порано со почетокот на есента.

Арктичкиот морски мраз е во постојан тренд на намалување, а 14-те најниски годишни минимални површини се случуваат во последните 14 години.

URL

Еколозите предупредуваат дека забрзаното топење придонесува за затоплување на океаните и зголемени стапки на истребување на повеќе видови.

„На Северот ова беше луда година, со морски мраз на скоро рекордни ниски нивоа, топлотни бранови од 37 степени Целзиусови во Сибир и огромни шумски пожари“, изјави директорот на НСИДЦ Марк Серезе.

URL

„2020 година ќе стои како извичник за надолниот тренд на површината на арктичкиот морски мраз. Одиме кон сезонски Северен Леден Океан без мраз, а оваа година е уште еден клинец во ковчегот“, продолжи тој.

Мерењата објавени вчера се само прелиминарен наод и може да се ревидираат бидејќи континуираното топење може уште повеќе да ја намали ледената прекривка, нагласува НСИДЦ и додава дека финална анализа ќе објави во октомври.

Remote video URL
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе