Зошто сѐ ве боли два дена после вежбање?

А.С.
/ 24.09.2021 / 12:21

Ако една од одлуките за поздрав живот ви е да почнете повторно (или за првпат) да вежбате, една работа е сигурно дека ќе ви се случи. Ќе излезете од теретана во одлична состојба и два дена подоцна се будите со болки по целото тело.

Овој феномен на „одложена болка“ ги интригира научниците и експертите за фитнес. Токму затоа се посветени многу време и внимание да се одгатне овој феномен. Иако не е даден конкретен одговор зошто се јавува таа болка два дена по вежбањето, научниците нудат еден прилично прифатлив одговор.

Болката по вежбање обично кулминира 24-48 часа по тренинг на кој сме вложиле напор и се смета дека сме ги активирале мускулите до степен на кинење на мускулните влакна.

Оваа одложена или задоцнета болка се нарекува „мускулна болка со одложен ефект“ (DOMS) и се јавува бидејќи откако мускулот ќе се оштети за време на вежбањето, потребно е време да почне процесот на закрепнување, велат научниците.

Кога се кине мускулното ткиво, не само што локалните клетки помагаат во заздравувањето и отстранувањето на оштетените протеини, туку и клетките на имуниот систем се локализираат кај оштетеното место за да помогнат во заздравување и закрепнување на оштетеното ткиво.

Како резултат на тоа, на тоа место се случува одреден степен на воспаление на локално ткиво, додека локалните клетки, имуните клетки, заздравувањето и протеините, и многу други фактори што го стимулираат заздравувањето мигрираат на местото на направената штета.

Иако овој процес е дел од она што придонесува за болката поврзана со DOMS, е важен аспект од реакцијата на вежбањето што мора да се случи. Обично по неколку дена, DOMS се смирува и ова покажува дека процесот на заздравување се случил.

Ако болката трае подолго или е многу јака, тоа може да значи дека повредата или штетата е многу поголема и дека ќе ви треба подолг период на заздравување меѓу тренинзи.

Интензитетот, траењето и видот на вежбањето, како и вашето ниво на физичка спремност, се фактори што влијаат колку тежок случај на DOMS ќе доживеете по вежбањето.

реклама

Холивудски џентлмен - Кијану Ривс никогаш не ги допира жените со кои се фотографира

Read more

Адел: Сакам да му објаснам на син ми зошто му го уништив целиот живот за мојата среќа

Read more

Автомобилските клучеви имаат опција која ретко кој ја знае

Read more

Ослободете се од висок крвен притисок: Исфрлете ги овие намирници од исхраната

Read more

Фит

Како да слабеете без да броите калории?

Read more

Како засекогаш да се решите од масните наслаги на стомакот?

Read more

Побрзо се слабее ако секогаш вежбате во исто време

Read more

Вежби со кои може да проверите колку сте фит и во каква форма е вашето тело

Read more
 

Магазин

Предлог за ручек: Пикантно пилешко со ориз

Читај повеќе

Студија: Млекото го намалува нивото на шеќерот во крвта

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе

За одличен почеток на денот: Смути со какао и цимет

Читај повеќе

Фолна киселина во бременоста: Колку точно е потребно и дали има несакани ефекти?

Читај повеќе

Ослободете се од висок крвен притисок: Исфрлете ги овие намирници од исхраната

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да слабеете без да броите калории?

Читај повеќе

Октомври е најдобар месец за секс: Кои се причините зошто вам не ви е дојдено до акција?

Читај повеќе

Што се случува во телото кога ќе го замените утринското кафе со зелен чај?

Читај повеќе