Зошто сте постојано уморни и како храната може да помогне во решавање на проблемот?
Има многу потенцијални причини за вашиот умор, дури и ако спиете добро и не се занимавате со физички напорна професија.
Можеби страдате од синдром на хроничен умор? За повеќето луѓе, сепак, проблемот не е толку сериозен и можат да се ослободат од уморот со едноставно менување на некои од нивните навики.
Нутриционистката Садиа од блогот Pick Up Limes објаснува кои се најчестите причини за постојаното чувство на умор и како промената во навиките, особено прехранбените, може да ви помогне да го решите овој проблем.