Зошто треба да го избришете FB Messenger?

Корисниците на Facebook Messenger можеби ќе размислат да се откажат од популарната апликација по совет на експертот за сајбер безбедност Зак Дофман.

Тој вели дека со користење на услугите во сегашната состојба може сериозно да се ризикува пресретнување на пораките испратени преку платформата.

„Треба да ја префрлите лична комуникација и разговорите и сè што сакате да остане безбедно, барем на WhatsApp - или, уште подобро, на Signal“, ги предупредува Дофман сите корисници, во текстот објавен во Forbes.

Звучи прилично драматично, но тој има многу добра поента. За оние кои не се свесни, Messenger допрва треба да воведе end-to-end енкрипција во својот сервис како стандардна опција. Без да скокате во поставките, започнете нов разговор - вашите пораки нема да бидат заштитени од љубопитните погледи. Ова во основа значи дека сè што е испратено помеѓу уредите може да биде пресретнато и читано од трети лица.

Додека WhatsApp, покрај Signal, е една од оние апликации што воведоа ваков тип на енкрипција, Messenger заостанува. Може да се испрати шифрирана порака преку таен разговор во Messenger, но ова не е вклучено по дифолт и не функционира кај групни разговори.

Компанијата е свесна дека не ја исполнува оваа безбедносна мерка, во неодамнешната објава на нејзината веб-страница се вели: „Ние работиме напорно за да воведеме стандардна енкрипција од крај до крај во сите наши услуги за пораки“. Messenger се подобрува бидејќи Facebook неодамна воведе бројни алатки за приватност и безбедност, вклучувајќи повеќе поставки за приватност, заклучување апликации, посигурни барања за пораки, ограничувања за препраќање пораки и многу повеќе.

Сепак, нема значајна енкрипција и сè додека не биде воведена во 2022 година, можеби е поумно да се најде друг начин за комуникација со пријателите и семејството.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе