Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Искористете го зимскиот период кога киселата зелка е во сезона и подобрете си го имунитетот на природен начин.

Киселата зелја е извор на многу витамини, па е одличен избор за салата или прилог за речиси сите зимски јадења.

Богат извор на витамини

Освен што е нискокалорична, содржи витамин Ц, витамин К, витамин Б6, влакна, железо, бакар, манган, фолат и калиум.

Во 100 грама кисела зелка се содржат околу 35% од дневната потребна количина витамин Ц, кој е силен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и го забавува процесот на стареење.

Киселата зелка исто така е богата со витамин К кој помага за нормално згрутчување на крвта, а важен е и за здравјето на коските бидејќи овозможува таложење на калциумот во коските и спречува нивно ослабување.

Добра е за цревата

Киселата зелка во 100 грама има само 27 калории, што значи дека се вбројува во диетална храна. Со скиселување се создаваат пробиотици, добри бактерии кои имаат многу поволно дејство на нашето тело и здравје. Киселата зелка исто така содржи ензими и влакна кои го подобруваат варењето и имаат позитивно дејство врз срцевото здравје.

Пробиотиците, бактерии во нашиот дигестивен тракт, помагаат во разградувањето на храната, нѐ штитат од лоши бактерии, вируси, габични инфекции, токсини, а можат и да ги уништат канцерогените материи. Функциите кои тие ги имаат во нашето тело се толку важни, што најверојатно не би преживеале ако нашиот систем за варење би станал стерилен.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Со оглед дека 70 до 80% од нашиот имунитет зависи од здравјето на цревата и тие се во нераскинлива врска – која било храна која е добра за здравјето на цревата е добра и за нашиот имунолошки систем.

Одличен извор на влакна

Неодамнешно истражување покажа дека киселата зелка е единствена ферментирана храна за која е клинички докажано дека помага кај синдромот на иритабилни црева.

Пробиотските влакна им помагаат на добрите бактерии во цревата. Една шолја кисела зелка има 4 грама влакна.

Влијае на намалување на стресот

Докажано е дека пробиотиците управуваат со анксиозноста и депресијата. Здрави црева се основа за функционирање на целиот организам на човекот.

реклама

„Златна крвна група“ – ја имаат помалку од 50 луѓе во светот

Read more

4 намирници што го зајакнуваат имунитетот можат да го продолжат животот

Read more

Подгответе се за пролет: 5 парчиња што мора да ги имате во вашата гардероба

Read more

Излезе трејлер за филмот со жешката секс сцена на Елизабет Харли во режија на син ѝ

Read more

Здравје

4 намирници што го зајакнуваат имунитетот можат да го продолжат животот

Read more

Три малку познати симптоми што укажуваат на ризик од срцева болест

Read more

Која храна помага да го исчистите телото од никотин?

Read more

Кое овошје може да помогне во намалување на високиот холестерол?

Read more
 

Магазин

8 фрази што веднаш треба да ги исфрлите од употреба

Читај повеќе
  • play_arrow

Мачорот ме лиже, да го лизнам и јас да види како е

Читај повеќе
  • play_arrow

Со едноставен трик продолжете го траењето на лебот

Читај повеќе

4 намирници што го зајакнуваат имунитетот можат да го продолжат животот

Читај повеќе

Три малку познати симптоми што укажуваат на ризик од срцева болест

Читај повеќе

„Златна крвна група“ – ја имаат помалку од 50 луѓе во светот

Читај повеќе

Четири грешки што го уништуваат изгледот на дневната соба

Читај повеќе

Гурмански залаци од јунешко месо и печурки

Читај повеќе

Финансиски хороскоп за март 2024 година

Читај повеќе