Зошто треба да можете да направите барем десет склекови?

А.С.
/ 09.12.2022 / 16:33

Редовното вежбање и здравата исхрана се важни, тоа веќе го знаеме. Но, за заштита на здравјето треба да вложиме и сосема малку повеќе напор.

Мажи на средни години кои не можат да направат десет склека одеднаш имаат далеку повисок ризик од срцев удар и други срцеви болести, покажува едно најново истражување.

Мажите кои можат да направат повеќе од 40 склекови со тоа го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести за 97 проценти во наредните 10 години од животот, вели стручниот тим од Универзитетот Харвард.

Меѓутоа, способноста да направите меѓу 21 и 30 склекови значи дека сте изложени на една четвртина ризик од заболувања како коронарна артериска болест или срцева слабост. Меѓутоа, во секој случај ризикот е помал отколку кај оние кои не можат да направат ни 10.

Експертите објаснуваат дека склековите се подобар показател за идното срцево здравје од утврдените фитнес стадарди како трчање.

„Нашите наоди покажаа дека склековите може да бидат лесен и бесплатен метод што може да ни помогне во проценката на ризикот од кардиоваскуларни боелсти во речиси секакво опкружување. Изненадува фактот дека способноста да се изведат склекови е повеќе поврзана со проценката на ризик од кардиоваскуларни болести отколку тестот на лента за трчање“, вели Џастин Јанг, професот на Харвард.

Истражувањето било спроведено на повеќе од 1.000 испитаници – американски пожарникари на 40-тина години. Иако истражувачите се прилагодувале на различните возрасти и тежини на пожарникарите, успеале да најдат поврзаност меѓу бројот на направени склекови и долгорочното добро здравје.

Ова е пво истражување што покажува дека склековите може да бидат ефикасен тест за иден ризик од кардиоваскуларни болести, но независни стручњаци предупредуваат дека слични анализи треба да се направат и кај други групи на мажи кои се помалку активни од пожарникарите.

Тагови
реклама

Фит

Што ќе се случи во телото ако пешачите на празен стомак секој ден?

Read more

Навики што го убиваат тестостеронот во модерниот маж

Read more

„Совети“ за диети и слабеење во кои не треба да верувате

Read more

Зошто се појавуваат „спојлери“?

Read more
 

Магазин

Зошто имаме повеќе секс во зима отколку во лето?

Читај повеќе

Како пријателите ви го чуваат здравјето?

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци се најголеми злопамтила?

Читај повеќе

Што ќе се случи во телото ако пешачите на празен стомак секој ден?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако немате секс со месеци или години

Читај повеќе
  • filter

Дубаи ќе добие хотел во форма на Месечината, проект вреден 5 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најстрашни видови ајкули

Читај повеќе
  • play_arrow

Идеја за ручек: Пикантно похувано бело месо

Читај повеќе

Онколог советува кои се најчесто игнорираните симптоми што укажуваат на рак

Читај повеќе