Вежбањето и физичката активност не се важни само за контрола на тежината и изгледот; има бројни здравствени придобивки.

Редовното вежбање може да ви помогне да го подигнете вашето расположение, да го зголемите нивото на енергија и да влијае на подобар сон.
Ако вклучите тренинг за сила во вашата фитнес рутина, ќе работите и на градење мускули, што го зајакнува вашиот метаболизам и го намалува ризикот од повреда.
Никогаш не сме премногу стари за да бидеме физички активни. Вежбањето е исто толку корисно во вашите дваесетти години, како што е корисно во вашите педесетти и потоа. Меѓутоа, колку старееме, вежбањето станува најдобриот начин на кој можеме да го промовираме здравјето на телото.
Зошто е важно да продолжите со активно вежбање откако ќе влезете во педесеттите години?
Имунолошкиот систем се активира за да се бори против инфекцијата и да го лекува телото, но со возраста тој почнува да слабее. Според Health Digest, една статија од 2020 година во списанието Nutrients покажа дека постарите возрасни кои вежбаат имаат подобар имунолошки „одговор“ за намалување на воспалението.
Луѓето кои се физички активни во средни години и во рана старост имаат помалку старечки Т-клетки (тип на бели крвни зрнца), што значи дека нивниот имунолошки систем е поздрав. Активното и редовно вежбање го спречува стареењето на Т-клетките, а со тоа влијае и на подобрување на имунолошкиот систем.
Бидејќи вежбањето го подобрува имунолошкиот систем, поверојатно е да живеете подолго, според студијата објавена во JAMA Internal Medicine. Како што пренесува Health Digest, посебна студија од 2015 година следела повеќе од 200.000 луѓе на возраст меѓу 45 и 75 години за да се види колку често и интензивно вежбаат.
Резултатите покажаа дека дури и мала количина на вежбање, до 149 минути неделно, може да го намали ризикот од смрт за 34 проценти. Оние кои вежбале помеѓу 150 и 299 минути неделно имале 47 отсто намалување на ризикот од рана смрт во споредба со лицата кои воопшто не биле физички активни.