Зошто треба секој ден да јадете овошје?

Експертите советуваат дека дневно треба да внесувате една и пол до две шолји овошје, пишува Eat This, Not That.

Дознајте зошто треба да јадете овошје секој ден.

Овошјето ги намалува воспалителните процеси

Овошјето е богато со антиоксиданси кои се борат против слободните радикали и така ги намалуваат воспаленијата во телото.

Овошјето го брани организмот од хронични болести

Кога ќе се намалат воспалителните процеси, ќе се намали и ризикот од појава на хронични болести.

„Овошјето е богато со витамини, минерали, антиоксиданси и хранливи состојки кои сите заедно би го подобриле вашиот имунолошки систем“, вели нутриционистот Дани Либовиц. „Секојдневното јадење овошје обезбедува заштитно делување од хранливите состојки што пак го намалува ризикот од срцеви болести и мозочен удар, но и го намалува крвниот притисок“, додава.

Овошјето помага во одржувањето на здрав дигестивен систем

Овошјето е одличен извор на влакна кои помагаат при одржување на здравото варење и превенира дигестивни проблеми како запек. Исто така, поради влакната подолго време остануваме сити, а помагаат и во зголемувањето на добрите бактерии во цревата.

Го подобрува здравјето на кожата

Овошјето е полно со антиоксиданси кои можат да го намалат оштетувањето на клетките во кожата така што ги намалува воспалителните процеси и даваат заштита од слободните радикали. Токму слободните радикали можат да го забрзаат стареењето на кожата со разлагање на колагенот во телото, а тоа води до појава на брчки.

Помага при хидратација

Пиењето доволно вода е дел од здравиот животен стил, но сета течност не доаѓа од водата туку и од храната. Многу овошје содржи вода па може значително да помогне во хидратација на организмот.

Најдобри за хидратација се лубеницата, но и јагодите и дињата,

Помага при слабеење

Едно истражување спроведено на 26.000 луѓе покажа дека слабееле повеќе додека јаделе овошје и зеленчук. Секојдневното јадење овошје помага при слабеење бидејќи има малку калории, а исто така е полно со растителни влакна од кои сме подолго сити.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Здравје

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Read more

Лекарите открија скриен ран знак на замастен црн дроб

Read more

Како да препознаете дека на организмот му недостасува вода?

Read more

Витамини и минерали што не треба да се земаат заедно

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе