Зошто уште не можеме да предвидиме земјотрес?

Земјотресот е природна појава, резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на Земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

 

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

Утрово светот го разбуди веста за разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер што рано утринава ја погоди јужна Турција. Според првичните податоци е почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 640, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

Секогаш кога ваков силен земјотрес ќе се случи каде било во светот, со огромни човечки загуби и материјална штета, одново се отвора прашањето зошто уште не можеме да предвидиме земјотрес?

Како се мери земјотресот?

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитуда од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

Науката што се занимава со изучување на земјотреси се нарекува сеизмологија, но и покрај големиот напредок на технологијата и новите сознанија, и денес е многу тешко да се предвиди земјотресот и неговите последици. Направата со којашто се мери земјотресот се нарекува сеизмограф, а документот што останува се нарекува сеизмограм.

Постојат повеќе видови на земјотреси, меѓу кои најчести (90% од случаевите) се т.н. тектонски потреси, коишто воедно се и најсилни и најразрушувачки. Наречени се тектонски бидејќи настануваат при движењето и допирот на тектонските плочи. Постојат уште и вулкански земјотреси (7% од случаевите), коишто се послаби и настануваат при ерупција на вулкан, и земјотреси коишто настануваат при пропаѓање на земјиштето, т.н. одронски земјотреси (3% од случаевите).

Што е хипоцентар, а што епицентар?

Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште. Точката во внатрешноста на Земјата кадешто настанува земјотресот се нарекува хипоцентар, а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар. Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат во концентрични кругови, но со послаб интензитет. Според длабочината, хипоцентарот може да биде плиток (до 70 км длабочина), среден (од 70-300 км длабочина) и длабок (300-730 км длабочина).

Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор во формирањето на релјефот на Земјата, но може да нанесат и катастрофални последици од материјална штета или човечки жртви.

Предели кои се најподложни на земјотреси се вулканските огнени прстени и областите околу младите верижни планини. Во Македонија најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиката, 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата на Република Северна Македонија.

Зошто не може да се предвиди земјотрес?

Научниците постојано работат на создавање нови софистицирани вештачки модели на земјотреси и ја проучуваат историјата на земјотресите, но сепак никој нема доволно познавање на условите на длабочините каде што почнуваат и растат земјотресите, за да може да се предвиди оваа елементарна непогода.

Овие анализи и истражувања даваат подетални одговори зошто не може да се предвиди кога точно ќе се случи земјотрес, иако знаеме кои се сеизмолошки активни подрачја.

Ново истражување сугерира дека одговорот може да лежи во гасовите што се акумулираат пред земјотресот.

Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе