Зошто вакцините против ковид не траат цел живот?

Потпретседателката на Центарот за истражувања и иновации во Вирџинија, Лиза Ли, објасни како функционираат и делуваат вакцините против ковид, но и разјасни што е ефективност и ефикасност, зборувајќи за вакцината на Pfizer.

Кога за првпат во светот беше претставена вакцината на Pfizer, нејзината ефикасност изнесуваше неверојатни 95%, што многумина ги охрабри да помислат дека е пронајден начин да се стави крај на пандемијата.

Но, и со вакцините не се оствари тоа оптимистичко предвидување, бидејќи недоволен број се вакцинирани. Исто така, се појавија случаи на заразени кои се вакцинирани со двете дози на Pfizer, со што се доведе во прашање нејзината ефикасност.

Најновите истражувања спроведени во Израел, каде голем процент се вакцинирани токму со оваа вакцина, покажа ефикасност од 40,5%.

Ако ги споредиме овие два процента, од 95% и 40,5%, разликата е огромна но ни едниот ни другиот не претставуваат реален ефект од вакцинацијата со Pfizer. За да се сфати огромната разлика меѓу овие две бројки, потребно е да се раздвојат поимите ефикасност и ефективност на вакцината.

Што е ефикасност?

Ефикасност на вакцината подразбира нејзин ефект во идеални, строго контролирани услови. Вакцините се инјектирани во ограничен број пациенти и следен е начинот на кој тие делуваат на ширењето на вирусот.

„Истражувањата се спроведуваат на основа на тоа колку луѓе и со која брзина се заразуваат во отсуство на вакцина. Многу зависи и од самата заразена личност, односно колку добро или лошо нечиј организам се бори со присуството на вирусот, важно е како организмот реагира на вакцината, дали создава имунолошки одговор или нe“, вели Лиза Ли.

Во третата фаза на испитување на Pfizer вакцината учествувале 43.448 луѓе, од кои 170 имале ковид симптоми. Само осуммина примиле вакцина, додека 162 примиле плацебо. Ова истражување недвосмислено покажало дека ефикасноста на вакцината е 95%.

Таа ефикасност значи дека вакцинираниот ќе биде заштитен од ковид во споменатиот процес. многу луѓе на почетокот на пандемијата се изолираа, го намалија движењето на минимум и носеа маски, а тоа помогна вирусот да не мутира премногу.

Што е ефективност?

Ефективноста покажува колку навистина вакцината делува во реалниот свет, надвор од клиничките тестирања.

„Знаете како функционираат работите кога станува збор за масовна примена, во овој случај имунизација. Сите не стигнаа на време да примат втора доза, имуниот систем се разликува од човек до човек“, вели Лиза Ли.

Кочниците попуштија кај многу луѓе и повторно почнаа масовни собири, веќе ен се водеше сметка како во првиот бран. Сето тоа влијаеше на ефективноста на вакцината и на создавање нови мутации, како делта сојот.

Скоро 200.000 вакцинирани се заразиле со делта сојот, покажува студијата. Овие резултати се собрани во јуни и јули годинава, кога овој сој стана доминантен. Се покажа дека голем процент од новозаразените се вакцинирани луѓе кои примиле вакцина во јануари или февруари 2021 година, што укажува на тоа дека ефикасноста на вакцината опаѓа по 6 месеци.

Иако процентот на ефикасноста на Pfizer вакцината опадна, истражувањата покажаа дека 91,4% од вакцинираните нема да имаат тежок облик на болеста и ќе избегнат хоспитализација.

Експертите советуваат покрај вакцинација неопходно е носењето маски и социјална дистанца за да се спречи ширење и понатамошни мутации.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе