Германскот тенисер Александар Зверев смета дека големата тројка има да покаже уште многу работи во светот на тенисот.
Александар Саша Зверев го освои Мастерсот во Синсинати и го победи Андреј Рубљов со 6:2, 6:3.
По Олимписките игри, Зверев стигна до 11 победи во низа, но порача дека нема да мине лесно на УС Опен.
„Ѓоковиќ е и понатаму број 1. Тој ќе биде фаворит на УС Опен. Рафа е и понатаму во топ 10, дури и кога ќе оздрави ќе биде неверојатно силен, тоа секогаш се случува со големата тројка“, рече Зверев.
Новак Ѓоковиќ на претстојниот УС Опен ќе има можност да стане рекордер со 21. Грен слем титула.