АТП МАСТЕРС 1000 МАДРИД

Зверев си ја отвори душата по поразот во финалето: Уморен сум, ова е срамота

Германскиот тенисер Александер Зверев киксна во вчерашното финале против шпанската сензација Карлос Алкарас, по пораз му честиташе на спортскиот противник, но имаше и остра порака за АТП и управата на турнирот.

Имено, Зверев истакна дека немал соодветен третман иако во Мадрид пристигна како актуелен и двоен шампион.

„Карлос игра неверојатно и нема апсолутно никаков сомнеж во тоа. Тој игра неверојатно. Сепак, морам да кажам уште една работа. АТП ја заврши својата работа апсолутно срамно оваа недела. Пред два дена легнав во 4:00 или 4:30 часот наутро, а синоќа си легнав во 5:20. Знаете, ако нормална личност легнува една вечер во 4 часот, а следната во 5 часот, ќе ѝ биде многу тешко да се разбуди. воопшто. А мене ми беше навистина тешко да го играм финалето против Карлос, кој моментално за мене е најдобар играч на светот. Сега сум малку лут, би рекол, бидејќи немав координација во финалето“, изјави Зверев.

Германецот продолжи да ги критикува последиците од неговиот катастрофален ритам во шпанската престолнина.

„Немав координација во сервисот, односно во ударите. Промашив два удара кои беа премногу лесни бидејќи ја гледав топката, а сѐ ми се движеше пред очи. Не сакам ништо да му одземам на Карлос, бидејќи денес беше очигледно дека нема да го победам дури и да бев свеж, но дефинитивно ќе беше подобар натпревар. На крајот на денот мислам дека сите останаа до доцна, некои можеби се забавуваа до доцна, но ако останете будни до 4 часот наутро, следниот ден сте 'мртов'. А јас играв следниот ден. Ако го направите тоа повторно и останете до 5 часот следниот ден, тогаш ќе имате потешкотии да останете будни. Повторувам, не сакам ништо да му одземам, но искрено ми е жал за начинот на кој го одиграв финалето бидејќи ова можеше да биде многу добар натпревар“, изјави Зверев.

URL

Да потсетиме, младиот Алкарас, кој во четвртокот го прослави својот 19-ти роденден, е победник на АТП Мастерс 1000 тенискиот турнир во Мадрид. Тој во финалето го совлада бранителот на титулата Зверев за само 1 час со 6:3 и 6:1.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе