Ѕвездата на Modern Family Сара Хајланд се отвори за сопственото искуство со семејното насилство.

Хајланд ги сподели предизвиците со кои се соочила за време на токсичната врска и зборуваше за важноста на поддршката и отворената дискусија за злоупотреба, особено меѓу оние кои се изолирани од своите најблиски поради злоупотреба.
Прифаќајќи ја наградата за храброст на Variety за застапување за благосостојбата на животните и свесноста за семејното насилство, 33-годишната актерка го сподели своето искуство за справување со насилството.
„Верувам дека ако повеќе зборуваме за тоа, повеќе жени, мажи и сите луѓе кои се во насилни врски ќе се чувствуваат слободни да зборуваат за своите искуства со своите сакани, наместо да му дозволат на насилникот да ги изолира, што често е прв чекор што го преземаат насилниците“, рече Хајланд, нагласувајќи ја важноста отворено да се зборува за овие прашања.
„Цело време кога мислиш дека е твоја вина и можеше да направиш подобро, можеше да се извлечеш порано, можеше да им кажеш на луѓето“, рече Хајланд, опишувајќи како таа самата се повлекла од друштвото на нејзините пријатели.
Во септември 2014 година, актерката го пријавила поранешното момче Мет Прокоп за вербално и физичко малтретирање за време на нивната петгодишна врска. Од пријавата се дознава дека во текот на врската Прокоп покажувал насилни шеми на однесување, неколку пати ѝ се заканувал, па дури еднаш се обидел да ја задави.
На пријавата ѝ претходела интервенција на актерката Џули Боуен, која во серијата го играше ликот на Клер Данфи. Загрижена за заканите што ги добивала Хајланд, Боуен ѝ помогнала на колешката да ја прекине токсичната врска. Наводно, по раскинувањето, Прокоп ѝ се заканил дека ќе ѝ го убие кучето и ќе ѝ ја запали куќата.
„Патувањето на Сара ѝ донесе многу предизвици, физички и емоционални, уште од рана возраст. Таа се справуваше со секој предизвик со решителност, достоинство и ранливост. Толку сум горда што Variety ѝ доделува награда за храброст", коментира Боувен.