УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Ѕвездена ноќ на Бензема во Лондон, Виљареал го изненади Баерн

Реал Мадрид го победи Челси со 3:1 на „Стемфорд Бриџ“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, додека Виљареал оствари сензационална победа над фаворитот Баерн.

Челси - Реал Мадрид 1:3
40' Каи Хаферц - 21', 24', 46' Карим Бензема

Винисиус Жуниор во 10. минута навести дека нѐ чека фантастично прво полувреме кога од контранапад ја погоди гредата. Џејмс возврати пет минути подоцна, но беше сопрен од Куртоа со одлична одбрана. Винисиус беше речиси незапирлив за одбраната на Челси. Во 16. минута во последен момент некако го спречија да постигне гол, но актуелниот европски првак не се спаси пет минути подоцна кога Бразилецот центрираше и Бензема со глава биеше во мрежата за 0:1.

Целосниот шок за Челзи се случи три минути подоцна кога расположениот Бензема со глава со испрати идеалниот центаршут на Модриќ в гол, не оставајчи му шанса на Менди да интервенира. Реал можеше да постигне и трет гол во 33. минута, но Менди го одбрани ударот на Карвахал, додека на другата страна Силва со глава по корнер ја испрати топката неколку сантиметри над гредата.

Челси успеа да намали 5 минути пред крајот на исклучително содржајното прво полувреме. Жоргињо упати одличен центаршут, а Хаверц со глава ја упати топката во мрежата за 1:2. Вреди да се напомене дека Бензема пропушти одлична шанса да постигне хет-трик две минути подоцна, бидејќи неговата топка помина неколку сантиметри покрај стативата.

Само што се тргна од центарот во вториот дел, Реал повторно постигна гол. Менди направи голем кикс, немилосрдниот Бензема беше упорен, ја украде топката и мирно ја испрати во празната мрежа, со што го комплетираше хет-трикот кој претходно му побегна.

Челси фрли сѐ на офанзивата, па имаше многу шанси пред голот на Реал. Најпрво Аспиликуета шутираше добро, но Куртоа одбрани. Потоа Лукаку за малку беше непрецизен, исто како Маунт минута подоцна по удар од далечина. Џејмс ја имаше последната шанса, но повторно Куортуа беше на ниво и останаа конечните 1:3.

Виљареал - Баерн 1:0
8' Арно Данџума

Потполно шокантно, Баерн може да биде задоволен што има шанса да помине после првиот натпревар бидејќи Виљареал синоќа беше многу поконкретен тим.

Веќе во 8. минута Дани Парехо додаде до Арно Данџума кој погоди за водство на „Жолтата подморница“. Тоа беше вистински шок за Баварците од кој не се опоравија.

Баерн ја презеде контролата врз играта, но немаше некои поголеми шанси, барем во таа фаза од натпреварот.

Во 41. минута Виљареал го постигна вториот гол или барем така мислеше домаќинот бидејќи голот беше поништен поради минимален офсајд по интервенција на ВАР.

Со резултат 1:0 се замина на одмор. Второто полувреме беше отворено со нова фантастична можност за Виљареал. Во 53. минута Жерар Морено силно шутираше, го совлада Нојер, но кога веќе сите ја видоа топката во голот стативата го спаси Баерн. Морено можеше да погоди и во 63. минута. Шутираше на празна мрежа речиси од центар, но топката отиде крај голот.

Голема шанса имаше и Данџума во 67. минута, но одбраната на Баерн блокираше удар кој најверојатно ќе завршеше во мрежата на Баварците.

Фортуната го спасуваше Баерн и во 88. минута. Домашните играчи истрчаа контра два на два, а Алфонсо Педраса шутираше од зицер позиција, но покрај голот.

Можеби најдобрата можност за Баерн дојде во 1. минута од надополнувањето, а ја имаше Кингсли Коман кога шутираше од перспективна позиција, но Херонимо Ружи одбрани.

Реваншите се закажани за вторник во Мадрид и Минхен.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе