Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Македонски Телеком е прогласен за најпосакуван работодавач во категоријата на телекомуникациски оператори од страна на „Вработување.ком“, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите, интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“

„Чест ми е да ја прифатам оваа награда во име на секој вреден член на тимот посветен да го направи Македонски Телеком најдоброто место за работа. Ова признание ја одразува посветеноста и напорната работа на нашиот неверојатен тим и ја потврдува нашата одлучност да негуваме средина за поддршка во која секој вработен може да напредува. Тоа, исто така, ја нагласува и нашата постојана заложба да бидеме најдобар работодавач во телекомуникациите, познат по нашиот пионерски дух и посветеност на иновациите“, изјави Ставрос Георгакопулос, Лидер за вработени и трансформација во Македонски Телеком.

Титулата „Најпосакуван работодавач во категоријата на телекомуникациски компании“ во новото дигитално време добива мултиплицирано значење ако се земе предвид силното конкурентско опкружување и природата на самата индустрија. Во такво опкружување, компаниите имаат континуирана потреба од регрутирање нови таленти, за чие привлекување се потребни атрактивни услови за работа и современо работно опкружување во кое напорите на поединецот и тимската соработка и поддршка се препознаени и наградени.

Во Македонски Телеком има извонредни услови за работа на проекти кои се дел од светските телеком трендови, флексибилни можности, можности за континуирано учење и развивање вештини и можности за професионален и личен развој. Во компанијата се негува и култура на отвореност и соработка која ги надминува националните граници.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Промо

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Read more

Вложениот труд носи сатисфакција

Read more

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more
 

Ново

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе