Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Помина повеќе од еден месец откако го гледав „ТМ“, најновиот филм на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, во рамките на фестивалот Синедејс. И оттогаш се чудам како да го напишам текстов што ми се чинеше толку јасен во мојата глава.

На страна чудните околности во кои живееме во моментов, додека го гледав филмот под ведро небо подзаборавив на актуелната реалност дека живееме „на дистанца“ и ме тресна онаа големата слика – живеам на физичка дистанца од многу прекрасни луѓе веќе со години. Веќе докажаниот режисерски двоец повторно успеа да направи универзално разбирлив и прифатлив филм, овојпат не со малку, ами со нула буџет. Зборувајте ми за ограничувања, ќе почекам.

Иако приказната може (и треба!) да се разгледува во неколку можни паралелни универзуми (за разлика од „Копање“, која се разгледуваше во слоеви), мене ме погоди онаа што најмногу ме измачува – одливот на мозоци. Само што тој социо-економско-политички термин ограничува – заедно со тој интелект заминаа и креативни сили, емпатични духови, сродни души, животни светлини и топли погледи.

Да, ве предупредувам, моето доживување на „ТМ“ на моменти ќе биде патетично, бидејќи колку и да сакам нема да можам да бидам објективна кога станува збор за отселувањето на младите од земјава.

Секојдневно слушаме дека не треба да се „заглавиме“ во удобноста на секојдневието, во летаргичниот конформизам, во едноличниот строј што трча во тркалото. Дека сѐ што некогаш сме сакале е на еден чекор надвор од нашата „конфор-зона“ – сѐ што треба да направиме е да го преземеме одлучувачкиот чекор.

А што кога „зоната“ всушност е зона на неудобноста, зона на самракот? Најверојатно би скокнале во залет и со двете нозе право во непознатото, оти сѐ е подобро од тоа.

Луѓето не си заминуваат само поради таа вечно лоша економска ситуација. Не. Луѓето кои си заминуваат верувајте дека почнале да нѐ напуштаат далеку пред да ја поминат границата или да се качат во авион. Тие прво незабележано се избришале од идните фотографии во нашите фотоалбуми, од нивното место на масата, од здравицата на следната свадба.

Тие почнале да нѐ напуштаат во моментот кога сме престанале да им враќаме на повиците бидејќи нашите проблеми ни се чинеле поважни, од моментот кога не сме ги поддржале во генијалните идеи што ги имале бидејќи, нели, „Кој успева во оваа вукоје*ина?“, од моментот кога сме ги откачиле кога ни зборувале за уметноста бидејќи „Од уметност не се живее“, од моментот кога сме им го покажале ладниот грб бидејќи не одговарале на онаа верзија на тоа кои ние сметаме дека треба да бидат.

Секој од нас, со секоја наша (не)постапка, со сите (не)кажани зборови и (не)подадени раце сме помогнале да го изградиме мозаикот на временската машина со која сите тие прекрасни луѓе се транспортираа во некое друго, се надевам, подобро утре.

Remote video URL

Филмот „ТМ“ е на редовниот репертоар во Синеплекс. од 12.11 до 18.11. 2020 година. Топло препорачувам да го погледнете, а потоа да си одвоите време и да се погледнете себе си.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Рецензии

КАЈГАНА рецензија: Зошто (не) треба да го гледате Leave the World Behind на Netflix?

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?

Read more

And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Read more

Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Читај повеќе

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Читај повеќе

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе