НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ОФ

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Ноќеска Денвер Нагетс по пресврт ја оствари третата победа во плеј-офот против Лос Анџелес Лејкерс (112:105), кои достигнаа бројни негативни рекорди, што е една од главните теми на навивачите.

Имено, Лејкерс не успеаја 11-ти пат по ред да слават против Денвер, кој со новиот триумф најави „метла“, слична на она лани кога беше 4:0 во партии.

Исто така, Леброн Џејмс никогаш досега не загубил од една екипа 10 пати по ред, а токму тоа успеаја да му го направат Никола Јокиќ и соиграчите.

Сето тоа го искористи славниот Чарлс Баркли, кој на уникатен начин во студиото ја покажа моменталната состојба на Лејкерс.

По натпреварот во кој Денвер стигна до третата победа, Баркли посегна по метла, а потоа го исчисти подот.

На овој начин сакаше да прикаже како моментално изгледаат дуелите меѓу Нагетс и Лејкерс.

URL

А, што ес однесува на самиот натпревар, Лејкерс првата четвртина ја добија со 10 разлика (33:23), но потоа Денвер направи пресврт кога, откако во втората намали на 4 разлика, третата ја доби со 34:22.

Најефикасен на паркетот беше домашниот кошаркар Ентони Дејвис со 33 поени и 15 скокови, а Леброн Џејмс уфрли 26 со 6 скока и 9 асистенции. Само уште Остин Ривс постигна двоцифрен број поени (20), а останатите од Лејкерс не стигнаа ниту до 9.

URL

Кај гостите од Денвер, Арон Гордон имаше дабл-дабл со 29 поени и 15 скокови, исто како и Никола Јокиќ кому една асистенција го делеше од трипл-дабл бидејќи заврши со 24 поени, 15 скокови и 9 асистенции. Џамал Мареј имаше 22 поена и 9 асистенции, а Мајкл Портер 20 пооени и 10 скока.

Remote video URL

Резултати:

Орландо Меџик - Кливленд Кавалирс 121:83 (2-1)
Филаделфија 76ерс - Њујорк Никс 125:114 (1-2)
Лос Анџелес Лејкерс - Денвер Нагетс 105:112 (0-3)

URL
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе