Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Седумкратниот шампион и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, се присети на старите времиња и играше ретро игрици на конзолата PlayStation 1 на Sony.

Се работи за игрици за кои многумина чувствуваат носталгија, имено „F1 2000“, „Gran Turismo“, „Driver“ и други.

Кога го вклучи телевизорот и ја стартуваше конзолата, Луис се сети на „Driver“ и го возеше автомобилот на полигонот. Потоа ја избра „F1 2000“ и истакна дека секогаш го избирал болидот на Мекларен. Потоа дојде редот на „Gran Turismo“ каде го избра виолетовиот R33 Nissan Skyline GT-R.

Да потсетиме дека во аркадниот режим на игрицата „GT1“ беа понудени 37 автомобили, а GT-R претставуваше еден од најдобрите. Во овој случај, Мерцедес не можеше да избере бидејќи германската марка се приклучи на франшизата со објавувањето на игрицата „Gran Turismo 2“. Идниот Ф1 тим на Хамилтон, Ферари, пристигна во игрицата дури во „Gran Turismo 5“.

„Неверојатно е до каде стигна графиката. Мојата прва конзола беше оригинален Nintendo и добив PlayStation 1 за Божик откако моите родители заштедија пари. Сепак, сакав нова кацига, па го вративме PS-от и ја купивме. Не можев да си дозволиме да ја лакираме, така што татко ми го направи тоа. Се сеќавам дека играв Ф1 2000 и игрици пред неа. Секогаш го земав Мекларен, потпишав договор со нив и сонував да бидам во тој болид. Контролите се многу различни. 'Gran Turismo' е дефинитивно најдобрата игрица што сум ја пробал поради начинот на кој се движат автомобилите. Ги поминав 'GT', 'Mario', 'Mortal Kombat', 'Street Fighter', сите наслови на 'Call of Duty', 'Crash Bandicoot', 'GTA'... како и старите игрици“, изјави Хамилтон.

Во видеото Хамилтон откри дека сѐ уште одвојува време за гејминг и дека најмногу игра „Call of Duty“ и „Fortnite“.

Remote video URL
реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе