Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со фантомка, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Тагови
реклама

Хроника

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Read more

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Read more
 

Вести

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе