Најевтините телефони ќе доживеат бум – цвета продажбата на смартфони

Испораките се очекува да се зголемат за 3 проценти во текот на 2024 година, додека главниот поттик за раст треба да дојде од пазарите во Индија, Блискиот Исток и Африка.

Состојбата на пазарот на мобилни телефони, односно нивната продажба треба да закрепне во текот на 2024 година.

Експертите наведуваат две причини за ова, економска и технолошка по природа: се предвидува дека падот на инфлацијата ќе ја стимулира побарувачката на пазарите во развој, и второ - се очекува дека платежно поспособните купувачи ќе ги привлече интеграцијата на генеративната вештачка интелигенција кон поскапите уреди на најновата генерација.

Според истражувањето на Counterpoint Research, испораката на мобилни телефони на глобалниот пазар минатата година е намалена за повеќе од 4 отсто, бидејќи потрошувачката е намалена под притисок на економската нестабилност.

Испораките се очекува да се зголемат за 3 проценти во текот на 2024 година, додека главниот поттик за раст треба да дојде од пазарите во Индија, Блискиот Исток и Африка.

Посебно се очекува раст во најниската категорија на евтини уреди, каде што се очекува зголемување на продажбата за дури 11 отсто, проценува Counterpoint Research. Посебно силна побарувачка се очекува во регионот на Карибите и Јужна Америка, според агенцијата.

Слабеењето на инфлацијата во посиромашните региони на светот, како што е Африка, и стабилизацијата на локалните валути би требало да ја поттикнат побарувачката за паметни телефони во опсег од 150 до 249 долари. Во исто време, ова дополнително треба да го поттикне зајакнувањето на конкуренцијата меѓу кинеските производители.

Од другата страна на ценовната табела, продажбата во најскапата категорија, дефинирана според ценовниот опсег од 600 до 800 долари, би требало да се зголеми за дури 17 проценти, благодарение на интегрирањето на genAI технологијата и зголемената побарувачка за телефони на преклоп, се вели во извештајот.

Counterpoint Research истакнува дека Apple и Huawei најверојатно ќе ги продаваат најскапите паметни телефони. Американскиот технолошки гигант благодарение на стабилната побарувачка за iPhone телефони, а Huawei благодарение на водечката позиција на домашниот кинески пазар.

реклама

Мобилни

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more
 

Гик

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе