По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Познатата црква во Барселона, Саграда Фамилија, 144 години по почнувањето на нејзината изградба, конечно ќе биде завршена во 2026 година, а за џиновските скали ќе бидат потребни дополнителни осум години.

Претседателот на организацијата одговорна за завршување на изградбата на ова ремек дело на Антонио Гауди го објави крајниот рок за завршување на работите, што се совпаѓа со стогодишнината од смртта на познатиот архитект.

Организацијата соопшти дека има доволно пари и материјали за да ја заврши градбата, вклучувајќи ја и централната кула од 172,5 метри посветена на Исус Христос, пишува The Guardian.

Иако зградата се планира да биде завршена во 2026 година, работата на скулптурите и украсните детали, како и скалите што ќе водат до главниот влез, ќе бидат продолжени до 2034 година. Кога започнале работите на градбата во 1882 година, околу неа имало само ниви, но во меѓувреме градот се проширил околу црквата.

Скалилата, кои ќе опфаќаат два големи градски блока, ќе вклучуваат раселување на околу 1.000 семејства и бизниси. И додека некои од следбениците на Гауди го оспоруваат ова, има и такви кои инсистираат дека скалите биле во плановите на Гауди од самиот почеток.

„Го следиме планот на Гауди во целост“, рече претседателот на организацијата задолжена за изградбата, додавајќи: „Ние сме негови наследници и не можеме да се откажеме од неговиот проект. Планот претставен на локалните власти во 1915 година, потпишан од Гауди, вклучува скалила.“

Тој додаде дека за планот разговарале и со градоначалникот на Барселона, Хауме Колбони, бидејќи локалната власт го има последниот збор.

„Немам кристална топка да ми каже кога ќе донесат одлука“, рече претседателот и додаде дека планот на Гауди ќе го следат „до последната буква“.

Remote video URL

Од самиот почеток, нешто постојано ја забавуваше изградбата на Саграда Фамилија - војна, беспарица, а неодамна работите беа стопирани две години поради пандемијата со COVID-19.

Пред појавата на масовниот туризам, работата требаше да се финансира исклучиво од донации од верници, пишува The Guardian, што го направи протокот на пари непредвидлив и многумина се сомневаа дека работата некогаш ќе биде завршена.

Сепак, со децении се обезбедува стабилен проток на пари со наплата на влезници. Милиони туристи се подготвени да платат билет кој чини од 25 до 40 евра за да ја посетат оваа монументална градба.

Remote video URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Архитектура

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе