Подгответе се за пролет: 5 парчиња што мора да ги имате во вашата гардероба

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 29.02.2024 / 13:45

Убавото време и првите потопли денови конечно пристигнаа, па време е за полесна гардероба, но и за она што баш не ни се допаѓа - средување на плакарот.

Зимски јакни, дебели џемпери, ролки... време е да ги спакувате и да ги замените со кожена јакна, потенки панталони. Доколку сè уште не сте го направиле тоа, пролетта е вистинско време да го подобрите вашиот стил и да блеснете во некои нови модни комбинации.

Ова се пет парчиња кои секоја жена треба да ги има во својата гардероба и на кои секогаш може да се потпре кога е во недоумица што да облече. Исто така, овие пет парчиња се основата околу која можете да правите безброј комбинации. Мојата препорака е секогаш прво да се обидете да го најдете парчето од втора рака, по принцип на размена или купување, да го побарате од локални производители и дизајнери, а само откако ќе ги исцрпите овие опции да го купите ново, од конфекциски бренд. И во тој случај, внимавајте на составот на материјалите и проверете дали брендот работи етички, еколошки и општествено одговорно, бидејќи вистинските модни икони се еколошки освестени.

Бела кошула

Најважното парче облека за пролет (а и за сите сезони!) е секако белата кошула. Кошулата го крева нивото на елеганција. Можете да ја комбинирате со сè: тесни и широки фармерки, елегантни панталони, но и со здолништа. Изберете модел од природни материјали (свила, памук, бамбус, лен), и внимавајте на пропорциите – кошулата не смее да „пука“ на вас, но ни да не биде премногу широка (освен ако не бирате оверсајз модел). Може да ја носите како самостојно парче или да биде еден од слоевите во вашата модна комбинација. За похрабри модни избори, облечете ја кошулата наопаку или врзете ја на интересен начин.

Црни панталони

Црната е боја која секогаш ќе биде во тренд и што секогаш може да се комбинира со сè. Моделот и материјалот се најважни при изборот на вашето основно парче – црните панталони. Изберете природни материјали и пробувајте различни модели додека не го најдете оној што по крој најдобро ви прилега. Наш совет е да се обратите и на локалните кројачи и домашни дизајнери кои би ви скроиле модел по ваша мерка. Комбинациите со црни панталони кои ви стојат беспрекорно се бескрајни!

Црна кожена јакна

Црната кожена јакна, без разлика дали е долга или кратка, одлично оди со сè. Во зависност од изгледот што сакате да го постигнете, можете да ја носите со кошули, но можете да ја носите и со било која обична маичка или со кроп топ. Исто така, што се однесува до фармерките, кожената јакна може да се комбинира со некои широки фармерки и да изгледа фантастично. Кога бирате кожена јакна, како современа модна кралица, мислете на импактот на животната средина: изберете парче од вистинска кожа што е винтиџ или од втора рака; или веганска варијанта, со цел да не го поттикнувате производството на нови парчиња од материјали од животинско потекло.

Дводелен костум

Ако сакате да бидете елегантни, забележани, добредојдени во секоја пригода, било да е тоа кафе, деловен состанок или испит, облечете костум – сако со панталони. Оваа комбинација ќе направи да се чувствувате успешни и остварени. Од друга страна, тоа е одличен избор кога не знаете што да облечете. Може да го носите со патики и со елегантни чевли, а моделот изберете го според вашите преференци. Секое од парчињата од костумот можете да го носите и во посебни комбинации. Советот за избор е ист како и за црните панталони – експериментирајте додека не го најдете моделот што ви прилега или побарајте помош од професионалец. Топло препорачуваме да им дадете шанса на винтиџ моделите од 80-тите и 90-тите кои ќе ги комбинирате со модерни детали!

Спортска јакна

За крај, важно е да се напомене дека покрај елегантни парчиња облека, секогаш мора да имате спортска јакна што ќе ја облечете кога одите на тренинзи, на патувања, кога го шетате вашето домашно милениче или кога одите во продавница. Можете да направите и смели урбани комбинации, особено со ретро моделите.

реклама

Стил

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе