Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Португалската нафтена компанија Galp Energia соопшти дека ја завршила првата фаза од истражувањето на полето Мопане во близина на брегот на Намибија, проценувајќи дека можно е да содржи 10 милијарди барели нафта.

Тестирањето на наоѓалиштата Mopane-1X и Mopane-2X во јануари и март откри „значителна акумулација на лесна нафта (со низок процент на сулфур) во висококвалитетни песочни резервоари“, соопшти Galp во неделата.

Полето Мопане се наоѓа во близина на брегот на Намибија, во басенот Оринџ, каде што British Shell и French TotalEnergies веќе открија неколку наоѓалишта на нафта и гас.

Производството на нафта на тестот ја достигнува горната граница од 14 илјади барели дневно, потенцијално позиционирајќи го Мопане како важно комерцијално откритие, нагласуваат од португалската компанија.

Galp поседува 80 отсто од лиценцата за истражување на нафта во басенот Оринџ, кој зафаќа површина од речиси 10.000 квадратни километри.

Намибија би можела да стане нов извор на приход за Galp, кој досега инвестираше големи суми во екстракција на нафта во територијалните води на Бразил, а учествува и во проектот за екстракција на гас во басенот Ровума во Мозамбик.

Компанијата сигнализираше дека може да бара партнери за проекти во Намибија бидејќи тие би можеле да преземат голем обем на работа.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници може да ја поканат Намибија да им се придружи, имајќи ги предвид индициите дека таа би можела да стане четврти по големина африкански производител до следната деценија, изјави за Reuters африкански нафтен претставник.

„Се проценува (...) дека само комплексот Мопане содржи 10 милијарди барели еквивалент на нафта или уште повеќе, а тоа е пред да се дупчат истражните и пробните бунари“, објави Galp.

реклама

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Read more

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе