Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Нова пролетна сезона, нови навики, нови трендови! Без оглед на тоа дали сте експерт за внатрешно уредување простории или, пак, ова е првата ваша авантура во доменот на дизајнот на ентериери или, едноставно, го читате овој текст затоа што ви претстои пролетно освежување на вашиот дом: сместете се удобно и дозволете да ве понесеме на кратко, но корисно патување низ трендовите заедно со Велеа Хоум.

Придружете ни се и истражете ги новите дизајнерски идеи што со сигурност ќе го редефинираат и ќе го надградат изгледот на вашиот дом оваа година.

Направете мнооогу простор за зеленило во вашиот дом!

Најголемата инспирација на дизајнерите и архитектите – природата, оваа година го има централното место во нашите домови. Му велиме добредојде на зеленилото и го комбинираме со форми и бои што се претопуваат една во друга, и го следат обликот на сè што е природно во вашиот дом.

Оваа сезона се фокусираме на зеленило, природни текстури и органски облици, и од нашите домови правиме мали сопствени оази. 😊

 

Мали детали за големи промени

Некогаш деталите се клучни „играчи“ во финалниот изглед на вашиот дом: играјте со светлината и со огледалните површини. Спалната соба е совршена просторија за овој тип декоративно уредување. Дополнително, внесете и малку шаренило во вашата спална соба во боја и со мерка што вам ви одговара.

 

На крајот (и на почетокот) на денот, спалната соба е просторијата каде што ја полниме нашата енергија, нели?

 

Оптимално планирање на просторот за детските соби:

Распоредот на нештата е еднакво важен колку и нивниот изглед, бојата и формата. Многу често сме навистина ограничени во користењето на предвидената квадратура на просториите – ова често се однесува на детските соби. Затоа, изборот на соодветен мебел во соодветни димензии со идеална функционалност е од суштинско значење.

 

Не двоумете се: експериментирајте со дизајнот на тапетите во просториите предвидени за вашите деца!

Освежете, комбинирајте!

Секогаш добредојдените пастелни тонови на вашата гарнитура храбро комбинирајте ги со светли, јаки бои. На тој начин, пролетната динамика ќе биде совршено отсликана во централниот простор во вашиот дом.

 

 

Многумина велат: Домот е онаму каде што е спокојот – каде што се чувствуваме безбедни, среќни и целосно свои. Пронајдете ги сите можни комбинации на мебел, бои, модели со кои би го освежиле изгледот на вашиот дом во новоотворениот салон на Велеа Хоум во Скопје на бул. „Киро Глигоров“ бр. 13. Работното време е секој работен ден од 10:00 до 19:00 часот и сабота од 10:00 до 15:00 часот.

 

Велеа Хоум е компанија што има над 35-годишна историја во производството и трговијата со мебел за дом, канцеларии и хотели. Благодарејќи на сопствената логистичка мрежа, оваа модерна компанија месечно доставува повеќе од 90 000 производи со сигурен и безбеден транспорт и прецизна монтажа. Благодарејќи на современите дизајни и квалитетните материјали што се користат за производство, Велеа Хоум ги развива своите активности на шест пазари, и тоа во: Северна Македонија, Албанија, Грција, Романија, Бугарија и Унгарија. Оваа компанија, својата инспиративна бизнис-приказна ја започна во мала, семејна работилница и прерасна во интернационална компанија со повеќе од 1 600 вработени и можности за поголем развој во иднина, затоа што постојано инвестира во нови производи, партнери и во вработените.

Неодамна, Велеа Хоум го отвори првиот продажен салон во Скопје (бул. „Киро Глигоров“ бр. 13), каде што може да добиете голем број идеи и совети за да изберете од богатиот асортиман на мебел, душеци, додатоци за домот, декорации и текстил за вашиот дом, канцеларии или хотели.

Повелете во салонот на Велеа Хоум на бул. „Киро Глигоров“ бр. 13, секој работен ден од 10:00 до 20:00 часот и во сабота од 10:00 до 16:00 часот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето на калориите

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

3 мај 1945, усвоена била македонската азбука

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе