Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Ви претставуваме вкусен рецепт за тоа како да ги направите најдобрите телешки шницли, а да употребите само 5 состојки.

Телешкото месо е вкусно, меко месо кое може да го приготват дури и вистински почетници во кујната. Наш предлог за вкусен ручек денес е најдобрите телешки шницли направена од само 5 состојки. Потребни ви се телешко месо, брашно, путер, лимон и капери. Секако, и сол и бибер, кои веројатно веќе ги имате дома.

Потребни состојки:

  • 4 телешки шницли 
  • 100 гр пченично брашно
  • 4 лажици путер
  • сок од 2 лимона
  • 2 лажици капери
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Телешките шницли истенчете ги со чекам или мавајте ги со тавче врз парче фолија, за да бидат со еднаква дебелина. Зачинете ги со сол и бибер од двете страни и валкајте ги во брашно.

Загрејте го путерот на средна температура, па пржете ги шницлите додека не поруменат од двете страни. Извадете ги на убрус малку да се исцедат.

Додадете капери во тавата со путер, измешајте и оставете ги да се пржат 2-3 минути. Потоа додадете сок од лимон. Внимателно одлепете ги останатите парченца месо од дното на тавата, тие имаат вистинско богатство од вкусови.

Телешките шницли вратете ги во сосот и оставете ги да се загреат уште минута-две. Послужете ги топли, со ориз, варени компири или тестенини, а по желба украсете ги со магдонос.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Рецепти

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе