16-годишно чудо од дете сруши рекорд на Усаин Болт стар 22 години

Јамајка, според сите проценки, во иднина ќе ни даде уште легендарни спринтери, а името кое одеднаш се истакна е шеснаесетгодишниот феномен Ники Брамвел.

Рекордите на Усаин Болт на 100 и 200 метри остануваат недопрени и изгледаат малку веројатно дека некој ќе ги надмине во иднина. Сепак, еден од неговите помалку познати рекорди го собори 16-годишниот Ники Брамвел, кој сè уште е средношколец.

Брамвел го собори рекордот на Болт на 51. CARIFTA Games, односно натпреварувањето на карипските земји од кое вообичаено доаѓаат најдобрите спринтери.

Станува збор за трка на 400 метри што се одржа на атлетскиот стадион „Крани Џејмс“ во Гренада. По големите проблеми со повредите во последните месеци, младиот Брамвел на натпреварите пристигна како голем оптимист и прв фаворит, а таму покажа зошто важи за светски супер талент за кој засега нема да слушнеме.

Навивачите останаа во неверување откако тој го истрча растојанието за рекордно време од 47,26 секунди. Тој го собори шампионскиот рекорд кој го држеше Усаин Болт со време од 47,33, кое го постави во 2002 година.

Бројните фанови останаа во неверување и со громогласен аплауз го поздравија талентираниот Јамајканец.

Remote video URL

„Одлично е чувството да се собори рекордот. Фрлив око на овој рекорд од минатото лето, па затоа е прекрасно чувството да дојдам и да го соборам. Само го тргнав умот одс и се фокусирав на соборување на рекордот“, изјави Брамвел, кој најави големи достигнувања во иднина.

CARIFTA Games е годишен атлетски натпревар основан од Карипското здружение за слободна трговија (CARIFTA). Игрите се одржуваат од 1972 година и се состојат од атлетски настани вклучувајќи спринтови, трки со пречки, трки на средни растојанија, скокови, фрлања и штафети.

реклама

Останати спортови

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more
 

Спорт

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе