Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас го откажа настапот на турнирот во Барселона.

Момчето од Мурсија минатата недела не играше во Монте Карло поради повреда на мускулот на десната рака.

На последниот тренинг пред заминувањето во Барселона, беше јасно дека состојбата на Алкарас не е добра.

Според информациите од Шпанија, тој едвај можел да го удри топчето и по долги разговори со својот лекарски тим реши да го откаже настапот.

Наместо Алкарас, еден од среќните губитници ќе биде во главниот жреб во Барселона.

Алкарас требаше да биде слободен на стартот на ова натпреварување од серијата 500, за во второто коло да го чека подобриот од дуелот Лука Ван Аше - Чан Чичен.

Шпанецот моментално е трет на АТП листата, а следен турнир би требало да му биде мастерсот во Мадрид.

Инаку, Алкарас претходните две години го освојуваше турнирот во Барселона. Бидејќи годинава нема да настапи ќе остане без 500 поени.

реклама

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе