BMW1 во Скопје, луксузни патувања за Дубаи во Тетово, Битола, Кривогаштани и Скопје, МЕГАВИН.МК донесе среќа низ цела држава

Во четвртокот 30 ноември се одржa „99 Мегастарс“ во СЦ „Јане Сандански“ каде воедно се одржа и извлекувањето од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“ и беше преставена новата визија на Државна лотарија.

Новиот симбол на Државна лотарија е калинка, која на овие простори е традиционален симбол за среќа и благодат; тоа е плод коешто асоцира на радост, свежина, надеж, а ако се погледне поинаку − е топче со круна. Недвојбено, ова е вистинскиот симбол којшто ја одразува и дејноста на компанијата и нејзината нова стратегија којашто ќе донесе уште повеќе благодат за сите бидејќи СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!

Извлекувањето на наградите се одвиваше во 4 блокови меѓу музичките настапи со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор, од сериските броеви на онлајн влезниците на регистрираните учесници во присуство на четиричлена комисија се извлекоа добитниците на: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 iPhone 14 Pro, 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи и еден автомобил BMW.

Пријатно изненадување беше големиот интерес за регистрации − од сите краишта на земјата коишто за жал заради оддалеченоста не беа во можност да присуствуваат на концертот, а што се отслика во нецелосно исполнетата сала. Од друга страна, добивме извонредно богата шаренолика слика на добитници од: Демир Хисар, Штип, Тетово, Кочани, Гостивар, Берово, Куманово, Новаци, Македонски Брод, Старо Нагоричане, Кривогаштани, Битола и од скопските општини Илинден, Центар, Бутел, Кисела Вода и Гази Баба. Добитникот на премијата автомобил BMW, го контактиравме телефонски од сцена и можевме да ја слушнеме неговата збунетост и неверување, а добитникот беше Дејан Блажевски од Кисела Вода.

Моментот на објавување на новата визија со новите лого и слоган беше симболички проследен со црвени балони што паѓаа „од небо“ и се разлетаа насекаде, по што Државна лотарија ја потврди својата мисија за општествена одговорност со донација на Црвен крст од 1.000.000 денари за помош на социјално загрозените лица од трето доба, и донација од 2.500.000 денари за Клиниката „Козле“ за помош во справувањето со сè почестите заболувања кај децата во зимскиот период. Претставници на Црвен крст и на Клиниката „Козле“ потврдија дека ова не е прва, но е досега најголема еднократна донација, изразувајќи благодарност за отвореноста на Компанијата за поддршка, како соработник и пријател.

Во улога на водители на настанот присутните ги видоа: Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а настапија: Искра Трпева, Peace Brothers, „Куку Леле“, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, „Нови дечки“, Тони Зен, Ивона Јо, „Ластовица“, „Дуо Дис“, Наде Талевска, Теа Трајковска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски-Принц…

реклама

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе