Илон Маск му се намерачи на YouTube

Откако Илон Маск го презеде Twitter (сега X), видеата станаа многу важна ставка кога станува збор за оваа социјална мрежа. Сега, X лансира апликација која ќе работи на сите уреди.

Извршниот директор на X, Линда Јакарино, најави дека воведува „содржини што може да ги гледате на паметните телевизори“, односно апликација која ќе содржи алгоритам за видеа, заедно со трендови и теми, а ќе се напојува со вештачка интелигенција .

Оваа апликација ќе биде достапна за телефони и паметни телевизори, а компанијата сака да биде нешто слично на YouTube. Ќе работи слично - двете платформи, кога сугерираат што да гледате, ја земаат предвид вашата историја на пребарување, што гледаат другите, како и содржината на самите клипови.

X, како што рековме, ќе користи вештачка интелигенција за да предложи видеа што е најсигурно дека ќе ви се допаднат. Друга сличност помеѓу X и апликацијата YouTube е тоа што ќе можете да се префрлите од вашиот телевизор на вашиот телефон и да продолжите да гледате.

Ќе поддржува и „кастинг“ од мобилни телефони, но уште не е познато кога точно X видеоапликацијата ќе се најде на пазарот.

URL
Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе