МОТО ГП 2024

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Возачот на Априлија, Маверик Вињалес, испиша нови страници во историјата со триумфот на Големата награда на Америка, третата трка во сезоната во кралската класа на Светскиот шампионат.

Во Остин, главниот град на Тексас, Шпанецот официјално стана првиот возач во Мото ГП ерата кој победил на три различни мотори. Вињалес победуваше со Сузуки и Јамаха, а сега и со Априлија. Победата во Остин е прва за него по 2021 година кога победи во Катар на отворањето на сезоната.

Вињалес возеше нестварна трка, лошо стартуваше од првата позиција, падна на 11-то место, но на десет круга до крајот го презеде водството. На крајот прв ја мина целта со две секунди предност пред фантастичниот дебитант Педро Акоста.

URL

Акоста стана најмладиот во историјата во кралската класа кој се искачил на подиумот на две последовни трки. На претходната трка во Португалија беше трет.

URL

На Вињалес и Акоста на подиумот им се придружи возачот на Дукати, Енеа Бастианини, кој третото место го презеде од Хорхе Мартин на Прамак Дукати на два круга до крајот.

URL

Актуелниот шампион Франческо Бањаја заврши на петтото место, додека Кралот на Остин, Марк Маркес, излета од патеката на половина од трката во моментот кога беше на водечката позиција.

URL
реклама

Останати спортови

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе