РФМ СУПЕРЛИГА 2023/2024

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Вардар 1961 го победи Еурофарм Пелистер со 24:20 (12:11) во 8. коло од Супер лигата. Со овој триумф „Црвено-црните“ останаа во шампионската трка на табелата и сега имаат два бода помалку од најголемиот ривал.

Фото: РК Вардар 1961 Скопје

Дербито во „Јане Сандански“ донесе голема борба, малку квалитетна игра и врвна партија на голманот на Вардар 1961, Мартин Томовски.

На теренот, „Црвено-црните“ први стекнаа предност од два гола уште во 10. минута, но таа предност Пелистер експресно ја анулираше. На полувреме домаќинот замина со предност од еден гол.

Во вториот дел битолчани за прв пат дојдоа до предност 19:18, а потоа и 20:19 и тука застана нивниот напад. До крајот на мечот „Зелено-белите“ речиси 15 минути не постигнаа гол, па Вардар со серија од пет гола го реши натпреварот.

Томовски со 12 одбрани (3седмерци) беше најдобар кај Вардар. Стрелците ги предводеше Јапонецот Јасукира со 6 гола (5 од седум метри), а Георгиевски, Родригес и Петриќ постигнаа по 4 гола.

Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Тајник со 6 гола, додека неговиот сонардоник голманот Лесјак забележа 8 интервенции.

реклама

Ракомет

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе