Сложеноста на мозочните сигнали се намалува за време на развојот на бебето, а со многу побрзо темпо кај машките деца.
Неврологот Џоел Фролих од Универзитетот во Тибинген во Германија и неговите колеги користеле магнетоенцефалографија (MEG) кај 43 фетуси во третото тримесечје и 20 бебиња на возраст меѓу 13 и 59 дена за да ги измерат магнетните полиња во мозокот кои се појавуваат по звучен стимул.
Меѓу бебињата имало и 16 на кои им била дадена истото мерење додека се уште биле фетуси. Стимулите се состоеле од различни распореди на звучни сигнали. Една секвенца се состоеше од четири звучни сигнали во траење од 200 милисекунди, со јаз од 400 милисекунди меѓу нив.
Секој стимулативен блок содржеше 180 секвенци. Научниците прво ги пуштија фетусите и бебињата да играат 30 блока, како еден вид тренинг, а потоа по два блока ја измерија нивната магнетна мозочна активност.
Кај здрави возрасни лица, повисоките нивоа на нервна сложеност се поврзани со подобри перформанси и побрзо време при извршување на различни функции, како што се планирање и донесување одлуки. Ниските нивоа на сложеност се поврзани со намалената способност за обработка на информации, како што е времето поминато под општа анестезија и за време на спиењето.
Затоа, Фролих и неговите колеги претпоставуваа дека сложеноста на сигналот MEG ќе се зголеми како што се развиваат фетусите и доенчињата. Но, тие беа пред изненадување. Резултатите покажале дека сложеноста на мозочните сигнали се намалувала со текот на времето, што се случувало значително побрзо кај фетусите и машките бебиња.
Засега не е позната причината за падот на нивото на невронска комплексност, но постои можност тоа да е своевидно елиминирање на непотребните процеси. „Мозокот во развој ги елиминира клетките и врските кои се непотребни“, рече Фролих, како што пренесува New Scientist.
„Како што мозокот созрева, тој создава подредени модели на нервни врски кои му кажуваат како да реагира на стимули. Поразвиениот мозок има помал опсег на одговори на стимул, а со тоа и помала сложеност“, додаде Фролих.
Фролих верува дека варијациите меѓу половите може да се должат на фундаменталните разлики во развојот на нервниот систем кај момчињата и девојчињата. Научниците не го следеле развојот на бебињата по завршувањето на студијата, па не е познато дали оваа варијација продолжува.
Истражувањето Sex differences in prenatal development of neural complexity in the human brain беше објавено во списанието Nature Mental Health.