1 август 1981, на малите екрани се појавил музичкиот канал MTV
Популазниот ТВ канал MTV, скратено од Music Television, на денешен ден почнал да емитува слика и звук на малите екрани преку кабловска.
Ерата на MTV почнала со зборовите „Ladies and gentlemen, rock and roll“ на Џон Лак, човекот кој стоел зад идејата за ваков ТВ канал. Потоа првото музичко видео кои било емитувано била нумерата „Video Killed the Radio Star“ на „The Buggles“.
Првично MTV бил достапен само за одредени домаќинскат во делови од Њу Џерсу. На почетокот програма се состоела од основни музички спотови кои биле воведени од Виџеи (видео џокеи) и бесплатно обезбедени од издавачките куќи. Како што издавачката индустрија почнала да ја препознава MTV како одличен апарат за промоција, почнале да се инвестираат пари за каналот да стане што покреативен.
Во 80-тите години MTV одиграла клучна улога во промовирањето на кариерите на изведувачите како Мадона, Мајкл Џексон, Принс и Дуран Дуран. MTV продолжил со револуција во музичката индустрија и станал влијателен извор на поп-култура и забава во САД и други делови од светот, вклучително и Европа, Азија и Латинска Америка.