1 декември 1959, Антарктик станал континент без воено присуство
Дванаесет држави, вклучително и САД и СССР, го потпишале Антарктичкиот договор, кој забранува воена активност и тестирање на оружје на тој континент. Тоа бил првиот договор за контрола на оружјето потпишан во периодот на Студената војна.
Остантите 10 земји-потписнички на договорот се: Аргентина, Австралија, Белгија, Јапонија, Јужна Африка, Нов Зеланд, Норвешка, Обединетото Кралство, Франција и Чиле.
Договорот бил потпишан во Вашингтон и тоа на 4 јацици (англиски, француски, руски и шпански). Стапил во сила на 23 јуни 1961 година.
Според договорот, континентот е дефиниран како научен резерват и воспоставува слобода на научно истражување и забрана за воена активност; за целите на договорот, Антарктикот се дефинира како сите копнени и ледени гребени јужно од 60°С географска ширина. Од 2004 година постои и Секретаријат кој е стациониран во Буенос Аирес. Денес во договорот се вклучени уште 44 други земји.