12 јануари 2010, разорен земјотрес го затрупа Хаити
Со магнитуда од 7 степени според Рихтеровата скала разорен земјотес ја погоди карипската држава Хаити во 16:53 часот по локално време.
Земјотресот се случил на длабочина од 13 километри и 25 километри западно од главниот град Порт о Пренс. Загинаа околу 316 илјади жители, а милиони останаа без своите домови. Имаше и многу повредени. Беа урнати или оштетени ококу 250 илјади домови и 30 илјади комерцијални згради.
По разорниот земјотес следуваа уште 52 потреса како афтершок од кои некои и до 5 степени. По земјотресот следуваше и мало цунами во кое загинаа три лица.