14 октомври 1947, со лет пробиен звучниот ѕид
Американкиот пилот Чарлс Јеигер станал првиот човек кој успеал со авион да го пробие звучниот ѕид.
Јеигер тоа го направил на денешен ден во 1947 година за време на тест лет со авионот Bell X-1 наречен Glamorous Glennis летајќи 1,05 маха на височина од 13.700 метри над пустината Мохаве во Калифорнија.
Американците скоро година дена го криеле успехот како воена тајна, а го објавиле дури во јуни наредната година. Авионот X-1 подоцна завршил како експонат во Националниот музеј за авијација и астронаутика во Вашингтон.